Дебата за 15 години од Рамковниот договор


18.08.2016 | 10:26:23 | Прес Конференции


Дебата за 15 години од Рамковниот договор

Во организација на Народно движење за Македонија, денес, четврток, 18 август, во Домот на АРМ во Скопје се одржа дебата по повод 15 години од рамковниот договор на која свое излагање имаа амбасадорот Ристо Никовски, Ѓорги Тодоров пратеник во 2001, Марин Најдов од Одборот на бранителите, универзитетските професори Јове Кекеновски, Стефан Влахов Мицов, Владимир Пивоваров, Тони Науновски, Миодраг Лабовиќ и Јанко Бачев.

Општ заклучок кај учесниците на дебатата е дека и по 15 години Рамковниот договор се толкува различно - додека кај дел од населението се доживува еуфорично и се слави, кај дел предизвикува фрустрации.

Исто така беше посочено дека договорот е сеуште длабоко трауматичен за македонската национална свест, меѓуетнички тензии, партизирана администрација, бинационална држава, живот едни покрај други, наместо едни со други, фалсификуван попис од 2002 со кој Албанците ги добија правата од рамковниот договор, надминување на застапеноста на Албанците-административци во некои институции и преку 50 отсто што е спротивн на договорот, вака според експертската јавност беше претставена Македонија, 15 години по потпишувањето на Рамковниот договор.

Плусинфо Мактел