НДМ до ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ: Прекинете ги преговорите за медиумите, еве ви решение и ајде сите на избори во декември


28.08.2016 | 10:18:00 | Прес Конференции


НДМ до ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ: Прекинете ги преговорите за медиумите, еве ви решение и ајде сите на избори во декември
Прес конференција, НДМ Ѓорги Тодоров, член на Извршниот комитет на НДМ Скопје, 28.08.2016 (недела) Почитувани, ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ повторно заглавија на прашањето за медиумите, овојпат не можат да договорат петти член во ад хок телото за надзор на медиумите. https://www.youtube.com/watch?time_continue=2&v=VfCyejZx40s Како по навика, повторно на повидок е замешување на странците, со што земјата и понатаму во очите на демократските држави се претставува како незрела демократија, која не може да обезбеди излезни решенија. Поради ова, НДМ презема поактивна улога за да помогне во изнаоѓање на решение за медиумите кое ќе ни овозможи на сите овој проблем да го сметаме за проблем на минатото и најпосле да излеземе на избори во декември. НДМ бара преговорите за медиумите веднаш да прекинат, бидејќи несогласувањето меѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ ги доведува во прашање изборите во декември 2016. Eве го предлогот на НДМ за медиумите кој лично им е доставен на Груевски и Заев. НДМ предлага утврдување законска обврска за медиумите без финансиски надомест од партиите рамномерно на дневна основа да го распределат времето во 20-дневната изборна кампања на сите партии учеснички во изборите. Со цел приватните медиуми да не трпат финансиска штета, следните избори целосно да се финансираат од буџетот и на медиумите да им се додели еднократен паричен износ од буџетот како обештетување заради тоа што рамномерно ќе го распределат времето во изборната кампања без надоместок од партиите кои учествуваат на изборите. Значи, најважното прашање за медиумите и партиите ќе биде решено: медиумите финансиски ќе бидат обештетени, а партиите ќе добијат еднаков третман за време на 20-дневната изборна кампања. Со ова, отпаѓа потребата од натамошни преговори и кавги околу медиумите и измислување на разни квази тела во стилот на ад хок телото за медиуми. Во услови на длабока политичка криза, НДМ смета дека понуденото решение за медиумите дава најдобри шанси за фер и регуларни избори. Доколку пак не се прифати понуденото решение, станува јасно дека ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ само блефираат дека сакаат избори во декември, а во заднина работат да не дојде до избори поради стравот од директно соочување со граѓаните. За НДМ нема дилема. Стравот на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ од избори е оправдан. Народот нема доверба во нив поради погрешните политики во изминатите 25 години. Последните истражувања покажуваат дека над 60 отсто од граѓаните не им веруваат на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, сакаат нов политички избор и разбивање на двопартизмот. Да потсетам, токму НДМ го започна разбивањето на двопартизмот, храбро и решително Следните избори ќе донесат нов политички избор во Македонија. Тоа веќе им е јасно на сите. Новата влада предводена од НДМ, по промената на власта ќе се води единствено од интересот на народот и државата. Македонија има потреба од нов политички избор и нова одговорна власт. За крај, НДМ силно апелира до колегите од ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ: Прекинете ги преговорите за медиумите со кои ја срамите земјата, еве ви решение за медиумите, и ајде сите на избори во декември 2016. Ви благодарам, Медиуми: ТВ 21 ТВ Алфа ТВ Телма А1 он Плусинфо МКД Локално Фокус Стандард Либертас Репортер Подгорци инфо сервис Пинг Тајм Грид Дејли Вести Новини Б2 НДМ Канал Јутуб