Татковинската прослава на претседателот Иванов за Гонџа Бојаџиу е навреда и неправда за борците за Македонија


14.09.2016 | 10:05:42 | Прес Конференции


Татковинската прослава на претседателот Иванов за Гонџа Бојаџиу е навреда и неправда за борците за Македонија

Прес конференција, НДМ д-р Јанко Бачев, претседател на НДМ Скопје, 14.09.2016 (среда)

Почитувани,

Поминаа три дена од завршувањето на т.н. татковинска прослава за Гонџа Бојаџиу под покровителство на претседателот Ѓорге Иванов

Не е спорно Гонџа Бојаџиу да добие одредена благодарност за својата мисија.

Република Македонија досега и повеќе од потребното и се одолжи на Гонџа Бојаџиу досега дури со пет обележја: почесен граѓанин на Скопје, изградба на спомен дом, именување на Клиничкиот центар, автопат, универзитет, и најново шестто, изградба на втор споменик во центарот на Скопје.

Меѓутоа, организирањето на Татковинска прослава под покровителство на Иванов и ставањето на Гонџа Бојаџиу на врвот во историјата на Македонија е опасен чин по македонските национални, државни и црковни интереси.

Затоа, НДМ во име на македонскиот народ го повикува Иванов да објасни, какво е значењето на скопјанката Гонџа Бојаџиу за да го добие централното место во македонската историја, бидејќи, досега немало Татковинска прослава за настан од витално значење за Македонија и Македонците.

Дури, претседателот Иванов како врховен командант, досега ниту еднаш го нема употребено зборот „Татковинска„ и за неспорната Татковинска војна од 2001 во одбраната на територијалниот интегритет и суверенитет на земјата.

Впрочем, ниту во Албанија како држава, ниту пак кај Албанците и Власите во Македонија не гледаме некое посебно оддавање почит, иако Гонџа Бојаџиу е влашко-албанска комбинација.

Затоа, произлегува дека Иванов, народски кажано, е поголем католик од папата.

Воопшто не го спориме фактот што Иванов дели иста етничка припадност со Гонџа Бојаџиу, и неговите големи сипматии за нејзиниот лик и дело, но, тоа не му дава мандат на Иванов да презема манифестации на штета на Македонија и Македонците.

За потсетување, при доделувањето на нобеловата награда на 10.12.1979 во Осло, на прашањето која е, Гонџа Бојаџиу одговори: родена сум во Скопје, учев во Даблин, живеев во Калкута а мојата таткоивна е една мала држава на Балканот - Албанија.

Оттука, со ваквиот непромислен чин, Иванов нанесува голема неправда и навреда за најзначајните борци кои животот го положија за слободна и независна Македонија.

Со брзопотезното влетување во авантурата да организира Татковинска прослава за скопјанката Гонџа Бојаџиу која не соодвестува на тоа, сосема основано се поставува прашањето дали претседателот Иванов го има пресметано ризикот од доволно историско познавање на македонските личности од највисок националне интерес!?

На крај, НДМ жали што во целиот овој опасен циркус со Гонџа Бојаџиу беше вовлечена и светата Македонска православна црква бидејќи поглаварот Стефан не ја сфати играта дека целиот овој настан од Скопје до Рим всушност е долгорочен обид за минирање на основите на македонското православие.

Впрочем, Иванов и министерот Јолевски знаат за спогодбата од 11 точки меѓу САД, Ватикан и Германија од 1976 година, со која, меѓудругото  се предвидува и целосно уништување на православието како религија и отворање на патот за целосна глобализација, бидејќи глобализацијата со православието тешко дека ќе успее, меѓутоа, Иванов и Јолевски за ова не го информираат поглаварот на МПЦ г.г. Стефан.

Почитувани присутни

Ваквата состојба и понижувачки однос кон државата, народот и црквата наскоро ќе завршат. По разбивањето на двопартизмот на 11 декември, НДМ како одговорна власт знае како да се грижи за виталните национални и државни интереси.

Ви благодарам,

Медиуми:

A1on

Пинг

Подгорци инфо сервис

Грид

Тајм