Уставниот суд донел одлука без да расправа за Иницијативата на НДМ исклучените да не плаќаат за парно што не ги грее


27.09.2016 | 09:59:40 | Прес Конференции


Уставниот суд донел одлука без да расправа за Иницијативата на НДМ исклучените да не плаќаат за парно што не ги грее

Изјава, Јанко Бачев претседател на НДМ, Марјан Ненов Здружение No pasaran Скопје, 27.09.2016 (вторник)

Јанко Бачев претседател на НДМ во изјавата за медиумите истакна:-Пред точно една година НДМ поднесе Иницијатива до Уставниот суд за уставна оценка на Правилата за снабдување со топлинска енергија донесени од Регулаторната комисија за енергетика со кои исклучените од мрежата на парно греење плаќаат за парно што не ги грее. Пред една недела добивме одлука на Уставниот суд со која се отфрла Иницијативата на НДМ. Оваа одлука на судот е скандалозна. Имено, Уставниот суд донел одлука без воопшто да расправа за она што се бара во Иницијативата на НДМ. Иницијативата на НДМ се сведува на тоа што со Правилата на Регулаторната комисија се утврдува парична давачка за граѓаните иако според Уставот давачка може да утврди само Собранието со закон, што значи дека Регулаторната комисија нема уставно овластување со подзаконски акт да утврдува давачка за граѓаните. Оваа давачка не произлегува ниту од Законот за енергетика. Уставниот суд нема образложение за ова и во неговата одлука само наведува дека веќе било расправано за ова прашање. Ова е целосна невистина. Точно е дека имало повеќе иницијативи до судот од други подносители но тие биле по други правни основи. Иницијатива со барање како што е Иницијативата на НДМ, односно, дали со подзаконски акт може да се пропише парична обврска како во случајот со исклучените од парно греење, досега не е поднесувана за уставна оценка пред судот. Затоа, Уставниот суд бил во обврска да расправа по Иницијативата на НДМ, но, како што гледате, не е така, и затоа ќе преземеме наредни чекори за да ја задоволиме правдата во целост и исклучените граѓани да не плаќаат за услуга што не ја користат рече Бачев.

Марјан Ненов од Здружението „Но пасаран„ рече: - Досега од постоењето на државноста на Република Макеоднија и постоење на Уставот на државата ова е најниското ниво на Уставен суд во Република Македонија. Од 2012 кога се избрани овие судии, започна партизацијата на уставните судии кои ги штитат бизнис интересите на монополите и интересите на власта. Затоа, Здружението за заштита на граѓанските права бара платите на уставните судии од сега натаму да ги обезбедува Балкан енерџи груп, а не да се обезбедува од буџетот на Република Македонија, бидејќи ние граѓаните не сакаме повеќе да ги плаќаме судиите -истакна Ненов.

Медиуми:

А1 он

Плусинфо

Мактел

Репортер

Пинг

Тајм

Грид

Вести

Дејли

ТВ Сонце