Со Иницијативата за уставна оценка на собраниското распуштање им ги скратуваме и маките на Груевски и Заев како да дојдат до посакуваното одложување на изборите


20.10.2016 | 09:49:54 | Прес Конференции


Со Иницијативата за уставна оценка на собраниското распуштање им ги скратуваме и маките на Груевски и Заев како да дојдат до посакуваното одложување на изборите

Изјава, НДМ д-р Јанко Бачев, претседател на НДМ Скопје, 20 октомври 2016

Претседателот на НДМ, Јанко Бачев, во изјавата за медиумите во врска со Иницијативата на НДМ за оценка на уставноста на Одлуката за распуштање на Собранието истакна:

- „Како што најавивме пред три дена, денес поднесовме Иницијатива до Уставниот суд за уставна оценка на Одлуката за распуштање на Собранието. Иницијативата се поднесува од две причини. Првата се сведува на фактот што Собранието го прекрши рокот за распуштањето. Имено, член 63 став 3 од Уставот е многу јасен и прецизен бидејќи утврдува точен рок за избор на пратеници во рок од 60 дена од денот на распуштањето на Собранието, кој не трпи одлагање или поставување на дополнителен рок. Уставот целосно ја уредува положбата и надлежноста на Собранието и не дозволува тие прашања да бидат уредувани со закон. Собранието е уставна, а не законска материја, што значи дека самото Собрание не може да ја проширува неуставно својата надлежност и да одлучува на поинаков начин, односно, надвор од она што е регулирано во самиот Устав по однос на рокот за неговото распуштање и работа. Втората причина е во врска со неусогласувањето на шесттата изборна единица каде бројот на гласачите е за 5,28 отсто поголем споредено со другите изборни единици со што се доведува во прашање уставното начело за еднаквост на избирачкото право. Со нашата Иницијатива, на своевиден начин им ги скратуваме и маките на колегите од ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ. Устите на Груевски и Заев деновиве се полни со силни пораки дека сакаат избори на 11 декември, иако во заднина мака мачат како да изнајдат начин за уште едно одложување на изборите. Очекуваме Уставниот суд да ја разгледа Иницијативата во најбрз рок како што беше со Иницијативата на ДУИ во месец мај кога за една недела судот донесе одлука. Најодговорно и најискрено кажувам дека не тргнуваме од било какви калкулантски побуди, бидејќи НДМ е спремно за избори на 11 декември како што бевме и на 5-ти јуни кога поднесовме листи. Единствен мотив за овааа Иницијатива е нашето убедување дека мора да градиме политичка и правна култура на доследно почитување на Уставот како највисок правен акт во земјата и света работа во една правна држава кој мора да се почитува„ - рече Бачев.

Медиуми:

МРТ

Плусинфо

А1он

Либертас

Фокус

Репортер

Мета

Пинг

Подгорци инфо сервис

Фаланга

Таратур

Тајм

Вести

Дејли

Б2

Грид