Македонија е на колена - УБК е кираџиска тезга, во МВР е хаос и поделеност, Димитриев безгласна буква, Иванов со сомнителна способност за водење на државата


23.10.2016 | 09:45:13 | Прес Конференции


Македонија е на колена - УБК е кираџиска тезга, во МВР е хаос и поделеност, Димитриев безгласна буква, Иванов со сомнителна способност за водење на државата

Прес конференција, НДМ Ѓорги Тодоров член на Извршниот комитет на НДМ Скопје, 23.10.2016 (недела)

Почитувани,

Поминаа три дена од скандалозната информација дека системот за прислушкување на македонската тајна полиција не е во нејзина сопственост.

Поточно, според нашите информации, системот за прислушкување во кој се слеваат информациите од витален интерес за земјата бил под закуп од фирмата „Ериксон„.

Како и да е. Скандалозно!

Ова е голем срам за Македонија во очите на странските држави и нивните служби, бидејќи не постои држава во која системот за прислушкување е во сопственост на приватна фирма и уште од странство.

Тајната полиција на Македонија е сведена на класична кираџиска тезга иако станува збор за клучниот безбедносен орган во државата.

Но, тоа не е се.

Судирот на релација СЈО-УБК откри најмалку уште две непријатни работи.

Прво, специјалното обвинителство ги побара сите податоци од периодот 2008 до 31.12.2015, а од раководни лица во МВР беше одговорено дека за бараниот период од 2008 до 2015 сеуште има активни мерки за прислушкување кои треба да се одвојат.

Ова е тешко прекршување на човековите права бидејќи според правилата УБК може против едно лице да презема оперативно-техничко средство-прислушкување во период од 1 година кое завршува или со кривична пријава или лицето се тргнува од машината за прислушкување ако не се добијат податоци за негово противзаконско дејствување.

Второ, и најопасно. Четири дена народот со неверување гледа шокантни слики во МВР на релација СЈО - УБК од кои произлегува дека Македонија го губи статусот на држава.

Според меѓународното право, задолжителни критериуми за постоење на државата се: постојано население, дефинирана територија и суверена (ефективна) власт.

Од паралелизмот во МВР произлегува дека во земјата повеќе нема ефективна власт со што отпаѓа еден од задолжителните критериуми Македонија да се смета за држава.

Техничкиот премиер Димитриев е безгласна буква и нема никаква контрола над своите подредени во МВР каде владее хаос и целосна поделеност.

Претседателот Иванов го нема никаде и тоа од оправдани причини: сеуште не е расчистена дилемата со Иницијативата на НДМ до Уставниот суд од 1 јуни 2016 за утврдување на спреченост на претседателот на Републиката да ја врши функцијата поради постоење случаи кои влијаат врз неговата душевната состојба и размислување.

Почитувани присутни,

Ваквото во основа антимакедонско однесување се заканува да ја урниса државата.

Народот со право се прашува што и после изборите на 11 - ти декември.

НДМ го уверува народот дека ваквата опасна состојба за државата наскоро ќе заврши.

Актерите на овој опасен чин за разнебитување на државата ќе одговараат.

По разбивањето на двопартизмот на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ на 11 декември, Народно движење за Македонија како одговорна власт знае како да се грижи за виталните национални и државни интереси.

Ви благодарам,

Медиуми:

МТВ (после 15м:40с)

А1он

Плусинфо

Фокус

Канал 77

Доказ

Подгорци инфо сервис

Пинг

Тајм

Грид

Б2

Вести

НДМ Канал Јутуб