Зошто власта ги омаловажува антифашистите и ги исфрли на улица


03.11.2016 | 00:48:54 | Прес Конференции


Зошто власта ги омаловажува антифашистите и ги исфрли на улица

Прес конференција, НДМ, Сојуз на борците од НОБ д-р Јанко Бачев, претседател на НДМ Велес, 3 ноември 2016 (четврток)

Народно движење за Македонија денес (03.11.2016, четврток) на заедничката прес конференција со Сојузот на борците од НОБ во седиштето на Општинскиот комитет на НДМ Велес се осврнаа на скандалозното одземање на имотот на борците.

Претседателот на НДМ Јанко Бачев рече: -„За НДМ е скандалозно однесувањето на власта и понатаму да одзема имот на борците од НОВ. Со овој, во основа антимакедонски и антипатриотски чин, прво, се врши флагрантно кршење на уставните принципи за владеење на правото и правото на сопственост, и второ, се доведува во прашање опстанокот на Сојузот на борците на Македонија, грубо сквернавење и негирање на НОБ, на националните и антифашистичките традиции во Република Македонија. НДМ најостро се спротиставува на исфрлувањето на антифашистите на улица кои во голем дел го дадоа животот за македонската држава.Ваквото скандалозно однесување на власта наскоро ќе заврши. По разбивањето на двопартизмот на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ на 11 декември, Народно движење за Македонија како одговорна власт го уверува народот дека знае како се почитуваат светлите традиции на народот и во оваа насока неправедно одземениот имот на борците ќе биде вратен – рече Бачев.

Медиуми:

">ТВ Канал 21 (после 4м:25с)

А1 он

Плусинфо

Локално

МКД

Мактел

Репортер

Пинг

Подгорци инфо сервис

Тајм

Грид

Б2

Дејли

Вести

Дума

НДМ Канал Јутуб