Дали поради стравот кај ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, се тргна НДМ од листите?


17.11.2014 | 00:38:44 | Прес Конференции


Дали поради стравот кај ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, се тргна НДМ од листите?

Прес конференција, НДМ д-р Јанко Бачев, претседател на НДМ Скопје, 17 ноември (четврток)

Почитувани,

Државната изборна комисија ги отфрли сите седум листи на НДМ за вонредните парламентарни избори на 11 декември.

Причините наведени во решението се незаконски, а уште пострашна е тенденцијата по секоја цена НДМ да не учествува на изборите.

Накратко да информирам за причините на ДИК:

Прво, имало несовпаѓање на потписите на кандидатите. Тоа не е точно, бидејќи изјавите се потпишани од сите 123 кандидати за пратеници.

Меѓутоа, пострашно е тоа што законското овластување што и е дадено на ДИК согласно член 67 од Изборниот законик во однос на кандидатските листи, во никој случај не подразбира и право на ДИК да ја цени валидноста на потписите на кандидатите, бидејќи тоа претпоставува една друга постапка.

Општо познато е во каква постапка се утврдува евентуалниот сомнеж за некој потпис.

Членовите ДИК спротивно на Изборниот законик си играле стручњаци за потписи.

ДИК бил во обврска да испитува околности само во смисла на член 65, 66 и 67 од Изборниот законик.

Да потсетам, НДМ поднесе листи и изборите на 5-ти јуни и ако ги видите потписите на членовите на ДИК ставени на одлуките за нашите листи од мај 2016 и сегашните одлуки на ДИК со кои ги отфрлаат листите на НДМ се гледа дека не се совпаѓаат, особено кај членката на ДИК, Силвана Бонева. Но тоа не значи дека, тоа не се нивни потписи туку варијанта на нивните потписи.

Еве ги потписите на членовите на ДИК од мај и сега од декември 2016.

Второ, едно лице наводно не евидентира во Избирачкиот список. Ова е целосна невистина бидејќи лицето евидентира во списокот по моминското презиме, а патем да спомнеме дека ова лице беше и на листите за изборите на 5-јуни, и тогаш од страна на ДИК немаше забелешка дека не евидентира.

Како и да е, да спомнам дека било кое лице за кандидат нема законска обврска да евидентира во избирачкиот список, бидејќи тоа не е услов за кандидатура.

Значи, ДИК ги испомешал институтите пасивно и активно избирачко право.

Трето, ДИК бара уверение за неосудуваност за извесна М. Филиповска. На листите на НДМ нема кандидат со такво презиме.

Четврто, за еден кандидат во уверението за неосудуваност стои дека има поранешна пресуда и ДИК бара од нас да напишеме во уверението дали пресудата е веќе извршена иако општо познато е дека судски документ може да корегира само судот, а ДИК има обврска службено да го побара тоа и ако има проблем да го замениме со друг кандидат.

Петто, за еден кандидат ДИК вели дека е доставен доказ за неосудуваност после рокот. Ова е целосна невистина. Со поднесувањењто на листите на 11.11.2016 доставено е уверение за ова лице за неосудуваност, но ДИК утврди неправилност бидејќи не стоело во уверението дека се издава за кандидат за пратеник.

Како и да е, со наш допис до ДИК на 14.11.2016 доставивме ново уверение за неосудуваност со намена кандидат за пратеник, но, ДИК вели дека е неблаговремено требало да се достави во недела на 13.11.2016 не прифаќајки го нашето укажување дека судот не работи.

Ова е дописот до ДИК од 14.11.2016 со кој е отстранета неправилноста.

Секој студент на Правниот факултет знае дека кога последниот ден од рокот паѓа во неработен ден, како последен ден се зема наредниот ден.

Но, членовите на ДИК не го знаат или не сакаат да го знаат ова.

Шестто, не е точно дека листата во Изборната единица број 4 содржи повеќе кандидати.

Еве ја листата со печат од ДИК од која се гледа дека има 20 кандидати.

Седмо, не е точно дека во Листата во изборната единица број 7 за еден кандидат нема фотокопија од лична карта или патна исправа.

Ова е фотокопија од доставената патна исправа за кандидатот.

Осмо, не е точно дека Листата за Изборната единица број 7 има четири кандидати.

Еве ја листата со печат од ДИК од која се гледа дека има три кандидати.

Ја користиме приликата да прашаме, зошто седумте Известувања на ДИК до НДМ за отстранување на неправилностите се пратени и за нас непознатата Т.П. како наводен подносител на листите и на тој начин документите за НДМ да се анализираат во некој друг партиски штаб?!

За крај, дали стравот кај ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ од разбивање на нивниот 25-годишен двопартизам кој токму НДМ го започна, решително, храбро, и во интерес на народот е причината за обидот да се тргне НДМ од изборниот процес?!

Медиуми:

А1он

Плусинфо

Мактел

Фокус

Фаланга

Подгорци инфо сервис

ТВ 21

ТВ 24Вести

ТВ Телма

Тајм

Грид

Вести

НДМ Јутубканал