Бачев: По примерот на Сопот, сега треба СЈО да се изјасни и за Карпалак и Вејце


01.12.2016 | 00:25:27 | Прес Конференции


Бачев: По примерот на Сопот, сега треба СЈО да се изјасни и за Карпалак и Вејце

Изјава, НДМ д-р Јанко Бачев, претседател на НДМ Скопје, 1 декември 2016

Почитувани,

Случајот Сопот повторно ја бранува јавноста откако СЈО побара негово преиспитување.

Оттука, сега оправдано се наметнува испитувањето и на случаите Карпалак и Вејце.

Затоа, НДМ бара од СЈО по примерот на Сопот, да се изјасни и за Карпалак и Вејце.

Ова од причина што овие два случаи и натаму остануваат мистерија, бидејќи ниту еден државен орган не се обиде да направи истрага за да утврди што точно се случи со загинувањето на бранителите кај Карпалак и Вејце во едни од најкрвавите и најбрутални масакри во поновата македонска историја.

НДМ и македонскиот народ верува дека нашите сограѓани Албанци не би биле против една ваква иницијатива, бидејќи само со рамноправен третман на Сопот, Карпалак и Вејце, Македонија ќе покаже државничка зрелост и демократски капацитет.

Во моментот едно е сигурно. Во случаите Карпалак и Вејце работата на СЈО би била значително олеснета.

Во Службата за државна безбедност постои оперативен документ во кој детално се опишани учесниците во терористичката акција кај Вејце и како терористичката група лоцирана кај Вејце го знаела движењето на бранителите и ги чекала во заседа во која беа убиени и масакрирани осум македонски бранители.

Во Службата за државна безбедност постојат и два оперативни документи од кој се гледа дека злостроството кај Карпалак можело да се избегне, доколку некој не пропуштил да преземе одредени службени дејствија што бил должен да ги преземе во интерес на безбедноста на конвојот. Сознанија имаше, а ништо не се презеде?!

Како резултат на внатрешните предавста и политичките сценарија во Татковинската војна во 2001 за потребите на рамковниот договор, бранителите беа пратени во заседа и мораа да загинат кај месноста Карпалак.

Го охрабруваме СЈО да ги отвори случаите „Карпалак и „Вејце„ бидејќи овие случаи се од интерес не само за семејствата и роднините на загинатите туку и за Република Македонија, бидјеќи не можеме да гледаме напред во иднината доколку минатото и понатаму не прогонува и контроверзната загуба на бранителите останува неразјасната.

Ви благодарам,

А1 он

Репортер

Тајм

Подгорци инфосервис

Дејли

Вести

Б2

НДМ Канал јутуб

ТВ Сител