Бачев: Пријава до ДИК и запознавање на 12 амбасадори дека изборите на 11 декември се ништовни


06.12.2016 | 00:19:05 | Прес Конференции


Бачев: Пријава до ДИК и запознавање на 12 амбасадори дека изборите на 11 декември се ништовни

Изјава, НДМ д-р Јанко Бачев, претседател на НДМ Скопје, 6 декември 2016

Во изјава за медиумите претседателот на НДМ, д-р Јанко Бачев рече:

-„НДМ продолжува со битката за докажување дека изборите на 11 декември се незаконски и ништовни како и разобличувањето на перфидните и нечени игри за отстранување на НДМ од изборите. Денес поднесовме Пријава до ДИК за изборните неправилности. ДИК донел скандалозни одлуки, односно, прво, потврдил Листа на коалицијата ВМРО за Македонија во Изборната единица број 7 која е незаконска, второ, потврдени се Листите на Левица во Изборната единица број 1 и 2 кои се незаконски, трето, со заклучок ДИК потврдил листи на подносители кои се здруженија иако Изборниот законик не дозволува подносител да биде здружение на граѓани, четврто, сите листи на партиите на македонските Албанци-ДУИ, ДПА, Беса, Алијанса за Македонија и ПДП се поднесени на албански јазик иако тоа право го имаат само во изборните единици во кои најмалку 20% од граѓаните зборуваат службен јазик различен од македонскиот а тоа е само во Изборната единица број 6 меѓутоа, овие партии листите ги поднеле на албански јазик и во изборните единици 1,2,3, 4 и 5 каде Албанците се под 20%. Исто така, запознавме 12 амбасадори во земјата од кои еден дел на индиректен начин се поврзани со изборите преку учеството во решавањето на политичката криза во земјата а еден дел се директно вклучени во изборниот процес преку акредитирани набљудувачи за избоирте на 11 декември. Очекуваме во најитен рок ДИК да се произнесе за нашата Пријава за изборни нерегуларности, во спротивно изборите на 11 декември се незаконски и ништовни – рече Бачев„.

Медиуми:

А1 он

Плусинфо

Мактел

Тајм

Дејли

Б2

Вести

НДМ Канал Јутуб

Во прилог Пријавата до ДИК и запознавањето на 12 амбасадори со изборните нерегуларности.

До Државната изборна комисија

ПРИЈАВА ЗА ИЗБОРНИ НЕРЕГУЛАРНОСТИ

Народно движење за Македонија ви доставува пријава за изборни нерегуларности во најмалку четири слуачи:

Прво, Во Листата на коалицијата ВМРО за Македонија во Изборната единица број 7 сите кандидати се машки лица иако според член 64 став 5 од Изборниот законик најмалку 40% од кандидатите мора да му припаѓаат на помалку застапениот пол, односно, најмалку еден кандидат треба да е женско лице, но, во случајот не е така.

ДИК ја потврдил оваа незаконска листа за учество на изборите.

Второ, Во Листите на партијата Левица во Изборната единица број 1 и број 2, кандидатите по реден број 11,12 и 13 се машки лица иако според член 64 став 5 од Изборниот законик на секои три места најмалку едно место му припаѓа на помалку застапениот пол, односно женско лице, но, во случајот не било така.

ДИК ги потврдил овие незаконски кандидатски листи за учество на изборите.

Трето, Во заклучокот на ДИК број 08-3231/1 од 17.11.2016 за потврдени листи на кандидати за изборите на 11 декември, под реден број 2 е утврдена Коалицијата за промени и правда во која како подносители се наведени две партии и две здруженија иако според член 2 точка 5 во врска со член 60 од Изборниот законик подносители на листи се регистрирани политички партии или група избирачи, што значи Изборниот законик не дозволува подносител да биде здружение на граѓани.

ДИК потврдил листи од незаконски подносители кои ќе учествуваат на изборите.

Четврто, сите кандидатски листи на партиите на македонските Албанци - ДУИ, ДПА, Беса, Коалицијата Алијанса за Албанците и ПДП се поднесени и на албански јазик иако според член 58 став 2 од Изборниот законик, подносителите на листите во изборните единици во кои најмалку 20% од граѓаните зборуваат службен јазик различен од македонскиот, поднесувањето на листите на кандидати може да се врши и на сопствениот јазик. Овој услов е законски само во Изборната единица број 6, меѓутоа, овие партии листите ги поднеле на албански јазик и во изборните единици 1,2,3, 4 и 5 каде Албанците се под 20%.

ДИК ги потврдил овие незаконски листи кои ќе учествуваат на изборите.

Затоа, ја поднесуваме ова пријава за изборни нерегуларности за ваше натамошно постапување согласно Изборниот законик во врска со соодветните одредби од Законот за општата управна постапка во случаи кога решението содржи неправилност

Ваши екселенции,

Народно движење за Македонија (НДМ) со големо загриженост сака да ве информира за сериозни неправилности за предвремените парламентарни избори за пратеници во Собранието на Република Макеоднија - 11 декември 2016.

НДМ високо ги цени вашите упорни усилби за промоција на регуларни избори.

Ви ја доставуваме на Вашата екселенција нашата волја за ваше запознавање со најмалку пет изборни нерегуларности:

Прво, во Листата на коалицијата ВМРО за Македонија во Изборната единица број 7 сите кандидати се машки лица иако според член 64 став 5 од Изборниот законик најмалку 40% од кандидатите мора да му припаѓаат на помалку застапениот пол, односно, најмалку еден кандидат треба да е женско лице, но, во случајот не е така.

ДИК ја потврдил оваа незаконска листа за учество на изборите.

Второ, во Листите на партијата Левица во Изборната единица број 1 и број 2, кандидатите по реден број 11,12 и 13 се машки лица иако според член 64 став 5 од Изборниот законик на секои три места најмалку едно место му припаѓа на помалку застапениот пол, односно женско лице, но, во случајот не било така.

ДИК ги потврдил овие незаконски кандидатски листи за учество на изборите.

Трето, во заклучокот на ДИК број 08-3231/1 од 17.11.2016 за потврдени листи на кандидати за изборите на 11 декември, под реден број 2 е утврдена Коалицијата за промени и правда во која како подносители се наведени две партии и две здруженија иако според член 2 точка 5 во врска со член 60 од Изборниот законик подносители на листи се регистрирани политички партии или група избирачи, што значи Изборниот законик не дозволува подносител да биде здружение на граѓани. ДИК потврдил листи од незаконски подносители кои ќе учествуваат на изборите.

Четврто, вите кандидатски листи на партиите на македонските Албанци - ДУИ, ДПА, Беса, Коалицијата Алијанса за Албанците и ПДП се поднесени и на албански јазик иако според член 58 став 2 од Изборниот законик, подносителите на листите во изборните единици во кои најмалку 20% од граѓаните зборуваат службен јазик различен од македонскиот, поднесувањето на листите на кандидати може да се врши и на сопствениот јазик. Овој услов е законски само во Изборната единица број 6, меѓутоа, овие партии листите ги поднеле на албански јазик и во изборните единици 1,2,3, 4 и 5 каде Албанците се под 20%.

ДИК ги потврдил овие незаконски листи кои ќе учествуваат на изборите.

Петто, Народно движење за Македонија како автентична опозициска партија која се залага за рушење на двопартизмот на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ кои 25 години се менуваат на власт а на земјата не и оди добро, е тргнат од изборите како резултат на политиката и политичките сценарија иако поднесе до Државната изборна комисија кандидатски листи во сите седум изборни единици.

Меѓутоа, ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ откако една од нивните интерни анкети од 9 ноември (на два дена пред рокот за поднесување на листите во ДИК) им покажале дека НДМ на овие избори ќе освои од 5 до 7 пратеници во услови кога беа познати нашите 7 услови за постизборно коалицирање кои не биле прифатливи за ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ иако со нив се обезбедува опстанокот и просперитетот на народот и државата, прават сценарио за спречување НДМ да учествува на изборите.

Листите на НДМ се составени според Изборниот законик, но, во нашиот случај се одлучуваше според логиката на политиката а не според логиката на правото.

За сето погоре наведено поседуваме докази.

НДМ цврсто ве охрабрува и ургираме кај Вас да станете активно ангажирани во остварувањето на заложбите за одржување на избори согласно законот.

Знаеме колку се овие прашања важни за вас и длабоко го цениме времето што ќе го употребите да ги проучите нашите размислувања.

Со почит,

Доставено до:

His Excellency Mr. Jess L. Baily Ambassador United States of America

His Excellency Mr. Oleg Shcherbak Ambassador Russian Federation

His Excellency Mr. Samuel Zbogar Ambassador of European Union-delegation of the European Union

Her Excellency Mrs. Nina Soumalainen , Ambassador, Head of Mission

Her Excellency Dr. Christine Althauser Ambassador of the Federal Republic of Germany

His Excellency Mrs. Chrles Edmund Garrett Ambassador of United Kingdom of the Great Britanian and Northern Ireland

His Excellency Mr. Christian Thimonier Ambassador of the French Republic

Her Excellency Mrs. Sybille Suter Tejada Ambassador of Switzerland

His Excellency Mr.Milan Jazbec Ambassador of the Republic of Slovenia

His Excellency Mr. Martin Bezak Ambassador of the Slovak Republic

Her Excellency Mrs. Danijela Barisic Ambassador of the Republic of Croatia

Her Excellency Mrs. Tulin Erkal Kara Ambassador of the Republic of Turkey