Зошто ДИК дозволи вештачење за Беса а не дозволи за НДМ?!


18.12.2016 | 00:05:22 | Прес Конференции


Зошто ДИК дозволи вештачење за Беса а не дозволи за НДМ?!
Изјава, НДМ д-р Јанко Бачев, претседател на НДМ Скопје, 18 декември 2016 (недела)

Лидерот на Народно движење за Македонија Јанко Бачев денес (18.12.2016, недела) во изјава за Сител вели дека нивните листи биле одбиени за овие избори со образложеније дека не се совпаѓаат потписите на подносителите со нивните лични карти.

Неговата партија барала дик да изврши графолошко вештачење на што било одговорено дека тие немаат такви ингеренции.

Според Бачев сегашната одлука на ДИК да се изврши графолошко вештачење за приоговорот на БЕСА е спроведување на двојни аршини.

По одлуката на ДИК да не дозволи вештачење на потписите со образложение дека нема таква надлежност, партијата на Јанко Бачев поднела тужба до Управниот суд.

Оттаму со одлуката потврдиле дека комисијата нема надлежности да врши графолошко вештачење. Доколку се почитува судската практика и се одлучува по логиката на правото Управен треба да донесе одлука со која ќе го поништи прифаќањето на приговорот од БЕСА и одлуката на ДИК да врши вештачење на потпис од гласач вели Бачев.

Подолу две видеа, прво од изјавата на Бачев во прилогот на ТВ Сител и второ од интегралната изјава на Бачев.

Медиуми:

Курир

Нетпрес

Инфомакс

Денешен весник

Мрежа

Тајм

Дејли

Грид

Б2