Ургенција од амбасадори, тужбата за поништување на изборите закочена во судот


03.01.2017 | 23:57:40 | Прес Конференции


Ургенција од амбасадори, тужбата за поништување на изборите закочена во судот

Народно движење за Македонија, денес (03.01.2017, вторник) поднесе ургенција до шест амбасадори за почитување на процедурата во врска со скандалозните информации дека тужбата на НДМ за поништување на седум кандидатски листи и поништување на изборните резултати е закочена во судските фиоки и сеушпте не е распоредена за работа.

Во изјава за медиумите претседателот на НДМ д-р Јанко Бачев истакна: „-Како што е познато, Народно движење за Македонија на 26 декември поднесе тужба за поништување на седум Листи на кандидати за пратеници како и поништување на изборните резултати во врска со овие листи. Иако се работи за тужба од висок приоритет и судот треба да постапува во најитен може рок, според нашите информации тужбата сеуште не е распоредена за работа и останува закочена во судските фиоки. Затоа, денес побаравме ургенција од шестте највлијателни амбасадори во земјата, поточно, од рускиот, американскиот, британскиот амбасадор, француската амбасадорка и амбасадорите на Европската Унија и ОБСЕ. Да не бидам погрешно разбран, не станува збор за ургенција за странско влијание во работата на судот, туку само ургенција да започне судската постапка земајќи предвид дека овие амбасадори на еден или друг начин се инволвирани во изборниот процес како и во двегодишната политичка криза во која е заглавена земјата, а дополнително, судот, кој е независен и непристрасен нека донесе одлука по логиката на правото врз основа на фактите и доказите во тужбата. Не случајно мојата изјава е пред Собранието, бидејќи, сакам да упатам порака до јавноста дека актуелните пратеници се голем срам за демократијата, се собраа на конститутивна седница иако народниот парламент е нелегален и нелегитимен заснован на незаконски и неправилни Листи на кандидати за пратеници во кои незаконски кандидатски листи се инволвирани дури 12 политички партии„ - рече Бачев.

Медиуми:

МТВ (после 12м:38с)

">ТВ Сонце (после 5м:50с)

МКД

Мактел

ТВ Алфа

ТВ 21

Тајм

Грид

Интегралното писмо поднесено денеска до шест амбасадори

3 Јануари 2016, Скопје

Ваши екселенции,

Во прилог на писмото на Народно движење за Македонија со датум од 7 декември 2016, упатено до вас, со кое ве запознаваме со сериозни изборни неправилности во врска со предвремените парламентарни избори за пратеници во Собранието на Република Македонија - 11 декември 2016, во кои изборни неправилности се вклучени дури 12 политички партии кои настапија самостојно или во коалиции со седум незаконски и неправилни Листи на кандидати за пратеници, сакам да ве информирам дека Народно движење за Македонија поднесе тужба до Основниот суд Скопје II Скопје со датум од 26 декември 2016 за поништување на овие незаконски и неправилни Листи на кандидати за пратеници и поништување на изборните резултати во врска со овие неправилни и незаконски Листи на кандидати за пратеници.

Истовремено, со голема загриженост сакам да ве информирам дека иако тужбата на Народно движење за Македонија е со висок приоритет, до денешен ден останува „закочена„ во судските фиоки.

Затоа, цврсто ве охрабрувам и ургирам кај Вас да останете активно ангажирани во остварувањето на заложбите за спроведување на избори согласно законот, и во овој контекст, верувам дека треба да дадете позитивен приод кон тужбата на Народно движење за Македонија да биде земена во работа, а судот, кој во Република Македонија е независен и непристрасен, нека одлучи според логиката на правото.

Затоа, ви ја доставувам на Вашата екселенција нашата тужба за која верувам дека ќе се согласите дека едно брзо судско постапување е во интерес на заедничките демократски вредности што ги споделуваме како и во поглед на преземените посебни обврски вградени во Договорот од Пржино за отсуството на какви било незаконски активности од страна на сите учесници во изборниот процес.

Ве молам, Ваша екселенцијо, предупредете ме за секакви пречки за кои гледате дека стојат на патот за постапување на судот по тужбата, зашто јас ќе ги сметам за пречки кон демократијата кон која што се стремаат сите граѓани на Македонија. Ако пак ги нема, Ве молам, известете ме како Народно движење за Македонија може да ви помогне да направиме чекор понатаму од брзото постапување по тужбата кое го бараме, кон трајно спроведување на избори според законот.

Знам колку се овие прашања важни за вас и длабоко го ценам времето што ќе го употребите да ги проучите нашите размислувања.

Ви ги упатувам изразите на моето највисоко почитување.

Со почит,

д-р Јанко Бачев, претседател на Народно движење за Македонија

Доставено до:

His Excellency Mr. Jess L. Baily Ambassador    His Excellency Mr. Oleg Shcherbak  of United States of America  Ambassador of Russian Federation

His Excellency Mr. Charles Edmund Garrett Ambassador Her Excellency Mrs. Christian Thimonie  of United Kingdom of the Great Britanian and Northern Ireland   Ambassador of tne French Republic

His Excellency Mr. Samuel Zbogar Ambassador  Her Excellency Mrs. Nina Soumalaine  of European Union-delegation of the European Union  Ambassador, Head of Mission