Агентите на БНД во германската амбасада во Скопје тргнаа пријавени изборни неправилности


04.02.2017 | 23:52:18 | Прес Конференции


Агентите на БНД во германската амбасада во Скопје тргнаа пријавени изборни неправилности

Прес конференција, Народно движење за Македонија Злате Војноски, член на Извршниот комитет на НДМ Скопје, 4 февруари 2017

Почитувани,

Поминаа два дена од скандалозното сознание дека пост изборниот извештај на Цивил - Центар за слобода е изготвуван во германската амбасада.

Како што е познато, Цивил-Центар за слобода во кампањата за изборите на 11 декември објави повик за пријавување на изборни нерегуларности.

Согласно овој повик, Народно движење за Македонија пријави четири суштествени неправилности кои ги прават изборите ништовни: прво, ДИК потврди незаконски и неправилни кандидатски листи на дури 12 партии кои учествуваа на изборите, второ, ДИК потврди кандидатски листи поднесени од неовластени подносители, трето, ДИК потврди листи составени на јазик и писмо спротивно на Изборниот законик, и четврто ДИК отстрани учесник на изборите - Народно движење за Македонија, поради политиката и политички сценарија.

Што е најинтересно, овие изборни неправилности поднесени од НДМ влегле во првичниот нацрт-извештај кој го изготвувале авторите од Цивил-Центар за слобода.

Меѓутоа, од за јавноста непознати причини, Извештајот на Цивил пред да биде објавен бил испратен на преглед и своевидна рецензија во германската амбасада во Скопје.

Поточно, Извештајот е разгледуван во разузнавачкиот центар на германската разузнавачка служба кој е лоциран во германската амбасада во Скопје.

За неупатените да кажеме дека сите позначајни земји во нивните амбасади имаат разузнавачки центри чии агенти се камуфлирани во најразлична форма (културни, трговски, политички секретари во амбасадата и слично) со цел да бидат заштитени со дипломатски имунитет од кривичен прогон доколку бидат откриени дека прибираат разузнавачки податоци.

Како и да е, во постизборниот извештај изготвен во германската амбасада биле избришани изборните неправилности кои ги пријави НДМ, од причина што, овие изборни неправилности не биле во согласност со ориентацијата на германската амбасада и нивното фаворизирање на одредени политички опции во земјата.

Ова само по себе е скандалозно, странска амбасада директно се меша во внатрешните политички процеси што е спротивно со Виенската конвенција за дипломатските односи.

Почитувани присутни,

Изборите на 11 декември завршија.

За НДМ и македонскиот народ е скандлаозен податокот дека германски разузнавачи го пишувале извештајот на Цивил-Центар за слобода за која наивно сме верувале дека како најголема и највлијателна домашна набљудувачка организација на изборите на 11 декември непристрасно ќе известува за изборите.

Пред два дена Цивил објави финален извештај од набљудувањето на изборите на 11 декември насловен бомбастично како шокантни двесте страници во кој биле нотирани 640 изборни нерегуларности на двесте страници.

Меѓутоа, за НДМ и македонскиот народ шокантен е податокот што извештајот е резултат на политички калкулации на агентите на БНД во германската амбасада.

Ваквиот понижувачки однос кон државата и народот со глумење на наводен граѓански активизам е недозволив. По разбивањето на двопартизмот на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ на наредните избори, Народно движење за Македонија како одговорна власт ќе работи не за странците туку во интерес на македонските граѓани.

Ви благодарам,

Медиуми:

А1 он

Подгорци инфосервис

Тајм

Грид

Вести

НДМ Канал Јутуб

Демант од Цивил:

Плусинфо

А1 он

Репортер

Локално

Тајм