Зошто МВР го крие и не постапува во случајот „Еразмус 2„


06.02.2017 | 23:48:48 | Прес Конференции


Зошто МВР го крие и не постапува во случајот „Еразмус 2„

Прес конференција, НДМ Панче Жежовски член на Извршниот комитет на НДМ Скопје, 6 февруари 2017

Почитувани,

Пред седум дена со првотото рочиште започна судската постапка против шесттмина професори на Економскиот факултет кои МВР ги товари за поткуп и злоупотреба на службената положба по претходно спроведената оперативна полициска акција насловена како„Еразмус„.

НДМ ја поздравува полициската акција „Еразмус„ како и секоја друга акција на МВР против корупцијата во системот на високото образование.

Меѓутоа, за Народно движење за Македонија останува дилемата за селективен „Еразмус„ или вистинска борба против корупцијата земјаќи предвид дека поминаа 9 месеци од повикот на НДМ до МВР за уште една полициска акција која предложивме да се нарече „Еразмус 2„.

Имено, НДМ побара расчистување со таинствениот фонд, од кој, одделни професори на Економскиот факултет добиваат, внимавајте добро, месечни примања од дури 240.000 денари, а деканот 280.000 денари.

Од надлежните институции целосен молк!

Народот очекува одговор на прашањето поврзано со трошење на неговите пари, односно, од кој фонд и зошто им се исплаќаат овие високи суми само на професори на Економскиот факултет во Скопје.

За споредба, на останатите државните факултети во земјата, месечните примања на универзитетските професори во зависност од звањето (доцент, вонреден и редовен професор) се движат од 35.000 до 55.000 денари.

Значи, професори и деканот на Економскиот факултет во Скопје имаат пет пати повисоки месечни примања од останатите универзитетски професори во земјата.

Сите државни факултети добиваат буџетски средства.

Јасно е, владеењето на правото, правната држава и законот мора да важат за сите универзитетски професори поддеднакво.

Оттука, која е причината професорите на Економскиот факултет во Скопје да бидат екстремно привилегирани во однос на останатите универзитетски професори во земјата.

Дали ова луксузирање на професорите и деканот од Економскиот факултет е резултат на нивни експертски мислења по нарачка?!

Затоа, НДМ повикува да се испита, кој, зошто и од кој фонд, секој месец им дава по 4.000 евра за професори и 4.500 евра за деканот на Економскиот факултет во Скопје.

Затоа НДМ го започна процесот на рушење на двопартизмот на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, храбро, решително и во интерес на народот и формирање одговорна влада која ќе работи чесно, отчетно и транспаренто, а за сите злоупотреби на парите на народот ќе покрене одговорност.

Ви благодарам,