Бугарските европратеници Џамбаски и Ковачев да се прогласат за непожелни во Македонија


19.02.2017 | 23:45:46 | Прес Конференции


Бугарските европратеници Џамбаски и Ковачев да се прогласат за непожелни во Македонија

Прес конференција, Народно движење за Македонија Злате Војноски,член на Извршниот комитет на НДМ Скопје, 19 февруари 2017

Почитувани,

Поминаа пет дена од шокантното сознание дека бугарските европратеници Анѓел Џамбаски и Андреј Ковачев, по кој знае кој пат, и понатаму продолжуваат со своите груби, во основа антимакедонски провокации за негација на македонската државност, нација и јазик.

Европратениците Џамбаски и Ковачев, со издејствуваната резолуција во Европскиот парламент, со која бараат непостоечки Бугари во Албанија во места каде 100 отсто живеат само Македонци кои зборуваат на македонски јазик, со непокорлив Македонски дух, преку традиција, обичаи песни, ора..., уште еднаш се обидоа да извршат негирање на Македонците од Голо Брдо, Мала Преспа и Гора во Албанија.

За НДМ нема дилема.

Недозволиво е Џамбаски и Ковачев од Европскиот парламент каде се вели дека владее слободата и се земаат предвид животните вредности, да испраќаат отворена закана и негирање на Македонците.

Затоа, Народно движење за Македонија иницира постапка против бугарските европратеници Анѓел Џамбаски и Андреј Ковачев, за нивно прогласување за persona non grata, односно, за непожелни личности во Република Македонија.

Дотолку повеќе, овие бугарски европратеници најавуваат и отворање на канцеларии во Скопје, Охрид и Битола за средби со граѓаните од Македонија кои гласаа на последните евроизбори во Бугарија, на кои Џамбаски и Ковачев станаа европратеници, што претставува своевидно нивно продолжување на постојано организирање на манифестации како и во Брисел каде македонски историски настани и личности се претставуваат како бугарски.

Свесни сме за фактот дека Џамбаски и Ковачев како европратеници уживаат имунитет според Протоколот за привилегиите и имунитетите на Европската Унија.

Меѓутоа, овој Протокол е интерен акт на Европската Унија.

Неспорно е дека согласно меѓународното право, Македонија има меѓународно-правно признато право да прогласи одредена личност за непожелна, дури, без да дава образложение за тоа, поради заштита на своите национални интереси.

А токму Џамбаски и Ковачев кои имаат македонско потекло, уште еднаш ја потврдија поразителната македонска вистина дека македонските јаничари се најсилната војска на велико-бугарска идеологија насочена кон асимилирање и негирање на македонскиот народ.

Впрочем, произлегува дека живеењето на Џамбаски и Ковачев во поранешната социјалистичка Бугарија, оставило последици, бидејќи како поранешни соработници на бугарската Служба за државна безбедност очигледно е дека мозокот на Џамбаски и Ковачев застанал некаде во 1948-та кога Државната сигурност на Бугарија со закони, молив и гума започна со бришење на Македонците, пропуштајќи од вид дека идентитетот не може да биде предмет на резолуција, закон или било каков друг акт затоа што е природно и неотуѓиво право врзано за поединецот и за неговите природни слободи и права.

Затоа, НДМ смета дека во постоечките околности, нашата иницијатива против двајцата европратеници е најдобар можен начин за заштита на македонските национални интереси.

Оттука, доколку Анѓел Џамбаски и Андреј Ковачев во иднина стапнат на македонско тло, веднаш мора да бидат исфрлени како непожелни личности.

Во благодарам,

МКД

Мета

Мактел

Стандард

Пинг

Македонски медиа сервис

Тајм

Грид

Дејли

Б2

НДМ Јутуб Канал