Министерката Канчевска Милевска лаже дека го брани името-Република Македонија


06.03.2017 | 23:42:22 | Прес Конференции


Министерката Канчевска Милевска лаже дека го брани името-Република Македонија

Изјава, НДМ д-р Јанко Бачев, претседател на Народно движење за Македонија Скопје, 6 март 2017

Претседателот на НДМ Јанко Бачев денес (06.03.2017, понеделник) даде изјава-реакција на вчерашната изјава на министерската за култура Елизабета Канчевска Милевска дека целта на СДСМ е промена на името, а дека министерката Канчевска го брани името - Република Македонија иако и министерката Канчевска не го смета името за прашање од национален интерес.

Во Изјава за медиумите претседателот на НДМ д-р Јанко Бачев истакна: „- Синоќа во изјава за медиумите министерката за култура Елизабета Канчевска Милевска истакна дека СДСМ со сеалбанската платформа сака да го смени името, а дека таа се залага за одбрана на името. Денес на многу конкретен начин ќе и покажам на јавноста дека кажаното од Канчевска Милевска дека го брани името е една голема лага. Ова е решение потпишано од министерката Канчевска Милевска со кое откупот на мојот проек-книгата Македонија и Грција-битка за името се одбива, бидејќи одбраната на името за Канчевска Милевска не претставува прашање од национален интерес. Како што гледате ова е книгата која е публикација на мојот докторски труд и рецензирана од најкомпетентно место во која давам четири меѓународно-правни механизми за употреба на уставното име во Обединетите нации до кои дојдов при моите научни истражувања. Книгата претставува прв научен труд кој на еден сеопфатен, аналитички и научно издржан пристап ги обработува правните механизми за употреба на уставното име во ОН. Да појаснам дека министерството за култура врши откуп на проекти од национален интерес и во овој случај Милевска Канчевска со свое решение откупи дури 6.000 други книги од најразлични области (биографски, авантуристички, детски, забавен карактер и др.) со назнака дека станува збор за проекти од национален интерес, додека мојот проект за начините на употреба на уставното име во Обединетите Нации е утврден како проект кој не претставува национален интерес иако македонското име мора да се одбрани и дека постојат механизми како да се стори тоа. После ова скандалозно решение на Канчевска Милевска со кое името не претставува национален интерес за неа, суштинско прашање кое ја интересира јавноста е: Зошто министерката Канчевска Милевска едно зборува, а друго прави во заднина, односно, ги лаже сопствените граѓани дека го брани името, кога името за неа не претставува прашање од национален интерес? Дали Канчевска Милевска знае дека секој што се води од искрената определба за одбрана на името не треба да го користи спорот за името за маркетиншнки трикови? Оттука, народот од овој момент чека одговор на прашањето - Зошто за министерката Канчевска Милевска одбраната на името не претставува прашање од национален интерес иако токму одбраната на името е врвен приоритет за Македонија и Македонците„ - рече Бачев.

Мактел

НДМ Канал Јутуб