НАТО преку својата членка Албанија се заканува со војна, Македонија да размислува за нови сојузништва


07.03.2017 | 23:39:03 | Прес Конференции


НАТО преку својата членка Албанија се заканува со војна, Македонија да размислува за нови сојузништва

Прес конференција, Народно движење за Македонија Панче Жежовски член на Извршниот комитет на НДМ Скопје, 7 март 2017

Почитувани,

Поминаа пет дена од опасните повици на албанскиот премиер Еди Рама и косовскиот претседател Хашим Тачи кои се сведуваат на опасните закани дека македонските Албанци треба да ја земат судбината во свои раце и дека без нив нема Македонија.

Со други зборови, ваквиот повик од Тирана и Приштина во суштина значи закана со војна од страна на Албанија и Косово спрема Македонија.

Серизоноста е уште поголема ако се знае дека заканата доаѓа од Албанија како земја членка на НАТО, бидејќи според Северно- атлантскиот договор од 4 април 1949 со кој е создаден НАТО-пактот, доколку една земја е во војна се смета дека сите членки на НАТО сојузот се во војна.

Затоа, НДМ и народот се длабоко загрижени од фактот што до денешен ден отсуствува осуда на заканата на Еди Рама од најкомпетентно место - од седиштетто на НАТО во Брисел.

Оттука, дали отсуството на реакција од страна на НАТО значи премолчено одобрување на заканите од албанскиот премиер Еди Рама и на тој начин, НАТО всушност се заканува со огин во Македонија.

Затоа, Македонија е во обврска веднаш да побара јавен одговор од Брисел и Вашингтон за опасна авантура на Еди Рама и Хашим Тачи со цел од најрелевентно место да добие одговор за заканите на Албанија и Косово спрема Македонија.

Република Македонија има обврска на секој можен начин да се грижи за одбрана на земјата.

Оттука, созреан е моментот Република Македонија да размислува за нови сојузништва и стратешки партнерства во услови кога евроатланските институции ни зариваат нож во грб немо гледајќи на отворените закани по суверенитетот и територијалниот интегритет на државата од страна на соседните држави Албанија и Косово.

Истовремено, во водењето на меѓународните односи кое подразбира заштита и одбрана на националните и државните интереси, НДМ смета дека со заканите со војна од Тирана и Приштина е созреан моментот Македонија да испрати Меморандум до Обединетите нации во кој ќе ја регистрира својата позиција со детална изјава на фактите и аргументите со молба тој да биде циркулиран како официјален документ на Генералното собрание и на Советот за безбедност на ОН, со цел да му даде публицитет или тој да се разгледува во Советот за безбедност на Обединетите нации.

На тој начин се отвора патот во Обединетите нации да се расправа за повеќе аспекти како што се изјавите дека Македонија се наоѓа на линија на огнот, што во превод значи војна, заканите со војна и поделба на Македонија или пак со проектот за т.н. Голема Албанија кој претставува опасност за мирот и стабилноста на целиот балкански регион или можната инволвираност на одредени држави и меѓународни невладини организации во заговор за дестабилизација на Македонија во контекст на домашната полиитичка криза.

Мактел

НДМ Јутуб канал