Жежовски ги повика велешани масовно да застанат во одбрана на унитарна Македонија


23.03.2017 | 23:28:50 | Прес Конференции


Жежовски ги повика велешани масовно да застанат во одбрана на унитарна Македонија

Изјава, Народно движење за Македонија проф. Панче Жежовски, претседател на ОК на НДМ Велес и член на ИК на НДМ Велес, 23 март 2017

Почитувани,

Не случајно изјавата е пред споменикот на Кочо Рацин со кој велешани се гордеат, со цел да се огледаме на идеалите на Рацин кој со сопствената крв ја натопи слободата и се вгради во создавањето на Макњсонија, народски кажано Рацин и плејадата македонски револуционери ни ја подарија државата на тацна, и затоа никој нема право од оваа генерација Македонци да ја разнебитува.

Меѓутоа, идеалот Рацин и македонски револуционери кои го положија животот за Македонија сеуште не е завршен, бидејќи борбата за унитарна Македонија продолжува и по периодот на стекнувањето на независноста во 1991 година.

Во моментот сведоци сме како непријателите на Македонија и Македонците повторно ги оживееја старите сеништа со промовирање на некаква сеалбанска платформа за рушење на Македонија.

Затоа, ги повикувам моите сограѓани велешани без оглед на националната, верската и партиската припадност во наредните денови уште помасовно да излеземе и да ја продолжиме борбата за унитарна, суверена и самостојна Македонија.

Да не дозволиме да заживее сеалбанската платформа направена во Тирана за рушење на Македонија и Македонците.

Цврсто да застанеме против двојазичноста, да го одбраниме уставот, името на државата, грбот, химната и знамето.

За Народно движење за Македонија единствено излезно решение е сите активности околу формирањето на нова влада да бидат прогласени за неуспешни, сеалбанската платформа да биде ставена во аут, и веднаш да бидат распишани нови избори

Дотолку повеќе, токму НДМ има полн легитимитет да бара нови избори бидејќи на последните избори на 11 декември Листите на НДМ за избор на пратеници беа тргнати како резултат на политиката и политичките сценарија.

Во овој судбоносен момент за државата, ние како Македонци мора да ги надминеме делбите и поделбите и заеднички да застанеме на браникот на Татковината!

Во овој момент, иднината на Македонија повеќе не зависи од владата, партиите, туку само од народот кое нешто претпоставува домашно единство за одбрана на највисоките национални и државни интереси.

Ви благодарам

Медиуми:

">ТВ Здравкин

МКД

Тајм

Грид

НДМ Јутуб Канал