На Македонија и треба документ за националните и државните интереси


07.04.2017 | 23:26:03 | Прес Конференции


На Македонија и треба документ за националните и државните интереси

Прес конференција, Народно движење за Македонија проф. Панче Жежовски,член на Извршниот комитет на НДМ Скопје, 7 април 2017

Почитувани,

ВМРО-ДПМНЕ промовираше Манифест за единствена Република Македонија со кој треба да се обезбеди националното единство и заштита на највисоките национални и државни интереси.

Од друга страна, СДСМ брзопотезно го отфрли овој документи со образложение дека на Македонија не и треба документ за национално обединување и дефинирањето на црвените линии за виталните национални и државни интереси, бидејќи тие имале Програма на новата реформска влада и дека е потребно само трансфер на власта.

За Народно движење за Македонија како партија која во основа се бори за заштита на националните и државните интереси, нема дилема.

НДМ го поздравува и прифаќа Манифестот на ВМРО-ДПМНЕ за единствена Република Македонија, како што впрочем би прифатиле документ и било која иницијатива која е на линија на заштитата на највисоките национални и државни интереси.

Меѓутоа, земјаќи предвид дека СДСМ го отфрли Манифестот на ВМРО-ДПМНЕ, надежта дека ќе се донесе документ од национално значење сега останува само со прифаќањето на  Меморандумот за Македонија изготвен од Народно движење за Македонија.

Да потсетам, ова е Меморандумот за Македонија со десет точки изготвен од Народно движење за Македонија со кој се обезбедува опстанокот и просперитетот на народот и државата, а кој на 4 јануари 2017 лично им го доставивме на Никола Груевски и Зоран Заев.

Сега е моментот да го осигураме опстанокот и просперитетот на народот и државата.

Тоа може да го направиме само со прифаќање на Меморандумот за Македонија со кој сите политички партии ќе се обврзат пред народот дека никој нема да чепка во неговите основни заложби без оглед кој победува на избори и составува влада.

Затоа ги повикуваме ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ да го усвојат Меморандумот за Македонија со кој се бранат највисоките национални и државни интереси.

Се разбира, ние во НДМ не се лутиме иако има обид нашиот Меморандум за Македонија како национална платформа да се прикажува во јавноста како туѓа иницијатива, бидејќи, подобро е да се спроведуваат добри идеи за народот и државата, отколку безмилосно да се расправаме на штета на националните и државните интереси.

Дојде моментот кога повеќе нема простор за грешки и калкулации во актуелната криза.

Што уште треба да се стори, за сите партии да го постигнат толку посакуваното домашно единство како најсилна брана за заштита од било каква внатрешна или надворешна закана, и заеднички да застанат на браникот на Татковината!

Ви благодарам,

Интегрален текст од Меморандумот за Македонија