Талат Џафери спротивно на Деловникот го крие Предлог-законот за амнестија во неговата фиока


01.06.2017 | 23:14:53 | Прес Конференции


Талат Џафери спротивно на Деловникот го крие Предлог-законот за амнестија во неговата фиока

Прес конференција, Народно движење за Македонија проф. Панче Жежовски, член на Извршниот комитет на НДМ Скопје, 1 јуни 2017

Почитувани,

Поминаа 10 дена откако Народно движење за Македонија поднесе Предлог-закон за амнестија на граѓани учесници во настаните на 27 април во Собранието на Република Македонија.

Согласно Деловникот на Собранието исполнети се условите овој закон да се донесе по скратена постапка.

Согласно Деловникот на Собранието Талат Џафери е должен во рок од три дена да го достави Предлог-законот до сите пратеници и за тоа да не извести како подносители на законот со што започнува законодавната постапка.

Меѓутоа, до овој момент Талат Џафери грубо го крши Деловникот на Собранието, бидејќи Предлог-законот сеуште е закочен во неговата собраниска фиока и не се доставува до пратениците, ниту пак сме известени како подносители.

Иронијата да биде поголема, Талат Џафери беше избран за собраниски спикер со кршење на Деловникот, а, еве продолжува и самиот да не го ферма Деловникот со што покажува недостаток на капацитет за почитување на правото и правната држава.

Затоа, повикуваме било кој од пратениците на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ да ја започне законодавната постапка земајќи предвид дека Деловникот тоа го дозволува на секој пратеник.

Народот влезе во Собранието со силна верба дека го брани уставниот поредок, а не да нападнат конкретни лица, и било кој да беше на местото на нападнатите ќе се случеше истото, бидејќи, претходно се создаде атмосфера дека е загрозен уставниот поредок откако некој смислено ја префрли кризата од криминалниот на етничкиот терен со промовирањето на т.н. сеалбанска платформа за редефинирање на уставниот поредок на Република Македонија.

Затоа, национално помирување е врвен интерес за Македонија и Македонците.

Со усвојување на законот ќе се покаже државнички капацитет и одговорно лидерство и најпосле народот ќе биде израдуван со домашно единство како најсилна брана против секоја идна внатрешна или надворешна закана.

НДМ очекува пратениците да бидат на висината на задачата дотолку повеќе во 2001 имавме амнестија за многу потешки работи, за лица за напад на уставниот поредок, а сега имаме спротивна ситуација, бараме амнестија на лица кои влегоа со силна верба дека го бранат уставниот поредок.

Овој закон има суштинско значење и ќе доведе до помирување меѓу граѓаните во услови на длабока поделеност.

Затоа, веднаш да започне постапката по Предлог-законот за амнестија на граѓани учесници во настаните на 27 април во Собранието на Македонија.

Ви благодарам,