Акција на полицијата без наредба е државен удар, одговорност за министерoт и директорите во МВР


13.06.2017 | 23:12:04 | Прес Конференции


Акција на полицијата без наредба е државен удар, одговорност за министерoт и директорите во МВР

Прес конференција, Народно движење за Македонија проф. Панче Жежовски, член на Извршниот комитет на НДМ Скопје, 13 јуни 2017

Почитувани,

Продолжува хајката во МВР против полицајците и припадниците на Единицата за брзо распоредување за настаните од 27 април во Собранието на Република Македонија.

Според нашите сознанија масовно се суспендираат полициски службеници во МВР со цел да дојде и до најтешката дисцилинска мерка - отказ од работното место.

Ваквите постапки во МВР се неосновани и незаконски со цел да се отворат патот за партиски вработувања на местата на отпуштените полициски службеници.

Да потсетам, МВР во вршењето на внатрешните работи согласно законот функционира на принципите на субординација и командна одговорност.

Значи, полициските службеници се должни да постапуваат по наредба.

Јавноста е сведок дека на 27 април постоел Оперативен штаб во МВР кој бил на дневна основа во координација со тогашниот министер Агим Нухиу.

Оттука, за да дојде до полициско дејствувањсе на 27 април спрема народот во Собранието, потребна е наредба од Оперативниот штаб и министерот Нухиу.

Јавноста е сведок дека на 27 април немало наредба полицајците и припадницте на Единицата за брзо распоредување да дејствуваат во Собранието.

Затоа, според логиката на правото одговорноста треба да се бара од полициските раководители во Оперативниот штаб и министерот Нухиу.

Одговорност може да се бара од полициските службеници, меѓутоа, доколку истите реагираа во Собранието на своја рака без претходна команда од своите претпоставени.

Дури, во таков случај ќе имавме многу полоша состојба - дејствување на полициските службеници на своја рака без команда претставува државен удар.

Значи, наместо по логиката на правото, во МВР одговорноста се бара според логиката на политиката со незаконската хајка против полициските службеници.

За НДМ и народот, полицискиот прогон против пополициските службеници за настаните од 27 април, а исто така и кривичниот прогон против народот кој беше во Собранието е маркетиншки трик за политичка пресметка меѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ кој може да додведе до несакани последици.

Затоа, го повикуваме МВР да престане со прогонот против полициските службеници со нивното суспендирање од работните места и закана со отказни решенија.

Исто така, го повикуваме МВР веднаш да престане со полицискиот прогон и против народот во Собранието на 27 април. Во овој контекст, ја користиме приликата да ги повикаме уште еднаш пратениците да ја започнат законодавната постапка по Предлог-законот за амнестија на граѓани учесници во настаните на 27 април 2017 во Собранието на Македонија поднесен од Народно движење за Македонија

Ви благодарам,