Талат Џафери не може да го враќа нашиот закон за амнестија толку, колку што ние пак ќе го поднесуваме


20.07.2017 | 23:01:52 | Прес Конференции


Талат Џафери не може да го враќа нашиот закон за амнестија толку, колку што ние пак ќе го поднесуваме

Изјава, Народно движење за Македонија д-р Јанко Бачев, претседател на НДМ Скопје, 20 јули 2017

Народно движење за Македонија, денес, четврток, 20.07.2017 во Собранието повторно го поднесе Предлог-закон за амнестија на граѓани учесници во настаните на 27 април 2017 во Собранието на Република Македонија, по скратена постапка, откако Талат Џафери не го прима законот за амнестија и ни ги враќа материјалите.

Во изјава за медиумите претседателот на НДМ д-р Јанко Бачев рече: - „Како што е познато Народно движење за Македонија на 22 мај поднесе во Собранието Предлог-закон за амнестија на граѓани учесници во настаните на 27 април во Собранието на Република Македонија. Меѓутоа, Талат Џафери на 6 јуни ни ги врати материјалите со наменско образложение дека НДМ не е овластен предлагач туку може да поднесе само Иницијатива. Како што можете да видите, нашиот допис е токму иницијатива и се заснова на член 71 став 2 од Уставот и членот 133 од Деловникот на Собранието каде е пропишано дека иницијатива за донесување на закон може да даде секој граѓанин, група граѓани, институции и здруженија. Оттука, поинаква е причината зошто Талат Џафери ни ги враќа материјалите, односно, тоа е поради фуснотата во нашиот допис во која кажуваме дека Народно движење за Македонија не го признава изборот на Талат Џафери за претседател на Собранието се до уставната оценка на одлуката за негов избор од страна на Уставниот суд. Како и да е, најбитно е дека Џафери е должен согласно член 133 став 2 од Деловникот иницијативата да ја достави до сите пратеници и повратно да не информира како подносител и притоа согласни сме нашата иницијатива во свое име да ја процесуира пратеничка група или независен пратеник. Впрочем, НДМ и порано има доставувано законодавни иницијативи, како на пример, предлог закон за измени на Изборниот законик, предлог закон за право на бесплатни акции на граѓаните кои не добија акции во приватизацијата, предлог-закон за укинување на апанажата..., и притоа секој пат поранешниот собраниски претседател Трајко Вељановски како што можете да видите не известувал дека е примен нашиот закон и согласно Деловникот го доставувал до сите пратеници. Значи,, Талат Џафери кој беше избран со кршење на Деловникот, еве продолжува и самиот да не го ферма Деловникот со што покажува недостаток на капацитет за почитување на правото и правната држава. Затоа, го повикуваме Џафери веднаш да ја процесуира нашата законодавна иницијатива за донесување на закон амнестија на граѓани учесници во настаните на 27 април во Собранието на Македонија и во исто време му порачуваме дека не може да не ги прима нашите материјали толку, колку што ние имаме намера повторно да го враќаме нашиот закон за амнестија во Собранието-рече Бачев.

Медиуми:

Макфакс

Стандард

Точка

Мактел

Тајм

ТВ Алфа

ТВ Сонце