Стручна дебата: Договорот со Бугарија е штетен за Македонија и Македонците


27.07.2017 | 22:56:07 | Прес Конференции


Стручна дебата: Договорот со Бугарија е штетен за Македонија и Македонците

Во организација на Народно движење за Македонија, денес, четврток, 27 јули 2017, во Домот на АРМ во Скопје се одржа стручна дебата за Договорот за пријателство, добрососедство и соработка меѓу Македонија и Бугарија на која свое излагање имаа универзитетските професори Јанко Бачев, Стефан Влахов Мицов, Тони Науновски, Тодор Чепреганов, абасадорот Ристо Никовски, новинарот и водител Слободан Томиќ, претседателот на Семакедонскиот национален совет - Македониум Страшко Олумчев и аналитичарот Горан Путица под модераторство на Марјан Камиловски.

Општ заклучок кај учесниците на дебатата е дека Договорот со Бугарија е штетен за македонските национални и државни интереси и за Македоницте што живеат во Бугарија, дека е контрадикторен и спротивен со принципите на општото меѓународно право и правото на ОН кои недостатоци се основа за негово поништување, дека се толкува различно - додека кај власта се доживува еуфорично и се слави, кај народот предизвикува разочараност, фрустрации и загриженост, вака според експертската јавност беше претставена Македонија со Договорот со Бугарија.