Тодоров: Кој и зошто им дава месечно по околу 5.000 евра на професори на Економскиот факултет


04.06.2016 | 20:57:40 | Прес Конференции


Тодоров: Кој и зошто им дава месечно по околу 5.000 евра на професори на Економскиот факултет

Прес конференција, НДМ Ѓорги Тодоров, член на Извршниот комитет на НДМ Скопје, сабота, 4 јуни 2016

Почитувани,

Аналитичкиот центар на НДМ, истражувајќи одредени политички состојби во РМ дојде до неверојатни информации, кои по разгледување на ниво на Извршниот комитет на НДМ, ИК на НДМ донесе Одлука денеска да ги споделиме со јавноста скандалозните информации дека професорите на Економскиот факултет во Скопје примаат секој месец плати по 240.000 денари, додека деканот на овој факултет како месечна плата прима по 280.000,00 ден.

Не е познато од кој фонд и зошто им се исплаќаат овие високи суми само на професорите на Економскиот факултет во Скопје.

За споредба, на останатите државните факултети во земјата, месечните примања на универзитетските професори во зависност од звањето (доцент, вонреден и редовен професор) се движат од 35.000 до 55.000 денари.

Значи, професорите и деканот на Економскиот факултет во Скопје имаат пет пати повисоки месечни примања од останатите универзитетски професори во земјата.

Сите државни факултети добиваат буџетски средства.

Јасно е, владеењето на правото, правната држава и законот мора да важат за сите универзитетски професори поддеднакво.

Оттука се наметнува прашањето, која е причината професорите на Економскиот факултет во Скопје да бидат екстремно привилегирани во однос на останатите универзитетски професори во земјата.

Дали ова луксузирање на професорите и деканот од Економскиот факултет со добивањето на високи месечни парични примања како редовна плата е резултат на нивни експертски мислења по нарачка?!

Затоа, НДМ ги повикува надлежните институции да испитат, кој, и зошто, секој месец ги овозможува овие парични привилегии во висина од 4.000 евра за професори и 4.500,00 евра за деканот на Економскиот факултет во Скопје.

Ви благодарам,

Медиуми: МКД, ">Канал јутб, Веб страна