Војноски: Да се испита дали Иванов е способен за функцијата


01.06.2016 | 20:54:20 | Прес Конференции


Војноски: Да се испита дали Иванов е способен за функцијата

Изјава, НДМ Злате Војноски, член на Извршниот комитет на НДМ Скопје, среда, 1 јуни 2016

Народно движење за Македонија, денес, 01.06.2016 (среда) ја поднесе најавената Иницијатива до Уставниот суд за поведување на постапка за постоење на околности кај претседателот Иванов кои може да влијаат на неговата спреченост да ја врши функцијата.

Во изјавата за медиумите Злате Војноски, член на Извршниот комитет на НДМ рече:

Почитувани,

Како што е познато, пред три дена на прес конференцијата на Народно движење за Македонија најавивме дека ќе поднесеме Иницијатива до Уставниот суд за покренување на постапка за утврдување на спреченост на претседателот на Републиката да ја врши својата функција.

Денес, како што можете да видите, НДМ ја поднесе Иницијативата до Уставниот суд.

https://www.youtube.com/watch?time_continue=1&v=LUn_T4Y5FOo

Со Иницијативата се предлага покренување на постапка за утврдување на спреченост на претседателот на Иванов да ја врши својата функција.

Претседателот на Републиката, д-р Ѓорге Иванов, со своите контрадикторни одлуки за аболицијата побудува сериозно сомнение дека постојат случаи кои влијаат врз неговата душевна состојба и слабоумноста во контекст на неговото размислување да не може да ги сфати дејствијата кои ги презема.

Поточно, Иванов не може да распознае што е интерес на државата и граѓаните со аболицијата, бидејќи носи две различни одлуки за иста работа и притоа за двете одлуки вели дека се во интерес на државата и граѓаните.

За Народно движење за Македонија како партија која во основа се бори за одбрана на националните и државните интереси, како и за македонскиот народ, ваквото однесување на Иванов предизвикува силна вознемиреност, бидејќи може да доведе до немерливи последици за земјата.

Заради тоа, ние во НДМ сме исправени пред предизвикот да се обратиме до Уставниот суд како надлежен орган да покрене постапка за утврдување на спреченост на претседателот на Републиката да ја врши функцијата.

Сега судиите на Уставниот суд како единствено надлежни да постапуваат по оваа иницијатива, ја имаат одговорноста да утврдат дали претседателската власт како здраворазумска, јавна и одговорна власт се врши во рамките на границите на правото.

Ви благодарам,

Медиуми: TV21, А1он, ПлусинфоЛибертасТВ ТелмаФокусЛокалноРепортер, Фактор, Позитив, ТајмГридВестиДејли, ">Канал ЈутубВеб страна