Бачев: Според логиката на правото листите на НДМ треба да бидат потврдени, а според логиката на политиката тие се отфрлени


16.05.2016 | 20:38:28 | Прес Конференции


Бачев: Според логиката на правото листите на НДМ треба да бидат потврдени, а според логиката на политиката тие се отфрлени

Прес конференција, НДМ д-р Јанко Бачев, претседател на НДМ Скопје, понеделник, 16 мај 2016

Почитувани,

ДИК ги отфрли листите на НДМ бидејќи не сме доставиле копија од лична карта на кандидатите и доказ за секој кандидат дека не е осуден со правосилна судска одлука.

https://www.youtube.com/watch?time_continue=3&v=JPAskgczOfU

На тој начин, ДИК ги разгледувал листите на НДМ надвор од условите определени со Изборниот законик.

Поточно, ДИК поставил на два дополнителни услови кои немаат правен карактер.

Да одиме по ред:

Содржината на листата на кандидати за пратеници што се поднесува е пропишана со Изборниот законик.

Според член 64 став 2 од Изборниот законик листата на пратеници содржи: број на изборна единица, назив на листата, име и симболот ако го има подносителот на листата, име и презиме на носителот на листата, име и презиме на секој кандидат за пратеник и содржи онолку кандидати колку што се избираат во изборната единица со означување на нивното постојано живеалиште, единствен матичен број на граѓанинот и изјава на припадност на одредена заедница.

За илустрација, ќе направам споредба со една наша кандидатска листа, еве, со листата во изборната единица број 1 каде јас сум носител. Гледате дека листата ги содржи сите услови определени со член 64 став 2 од Изборниот законик.

Според член 64 став 5 се бара најмалку 40% кандидати жени. На шестте листи на НДМ има по 8 жени, односно, вкупно 48, што значи дека е исполнет и овој услов.

Во член 64 став 6 е уредено прашањето за прилозите и во оваа насока е кажано дека во прилог на поднесената листа во оригинал или во копија заверена на нотар се поднесува договор за коалицирање, потврда од Централниот регистар и доказ за регистрација на политичката партија.

Значи, никаде не е пропишана обврска за доставување на копија од лична карта и доказ за секој кандидат дека не е осуден со правосилна судска одлука.

И не случајно законодавецот не утврдил ваква обврска, бидејќи, прво, избирачкиот список е во надлежност на ДИК и во него ги има сите потребни податоци кои што се содржат во личната карта на граѓаните, и второ, ДИК по службена должност го добива списокот на осудени лица од сите затвори во земјата.

Обрнувам посебно внимание дека според член 106 став 5 од Кривичниот законик никој нема право да бара од граѓаните да поднесуваат докази за својата осудуваност или неосудуваност.

Податоци од казнената евиденција можат да им се дават на трети лица како што се заинтересирани државни органи или правни или физички лица ако постои оправдан интерес заснован врз закон.

Значи, товарот на прибирање на податоци за осудуваност или неосудуваност, законодавецот го префрла на заинтересирани органи во случајот ДИК ако постои оправдан интерес заснован врз закон - на пример кога некој се предлага за пратеник во собрание.

Во овој дел уште да посочам дека не е точен вчерашнииот навод на ДИК дека НДМ не постапи благовремено до ДИК во врска со нивниот допис до НДМ од 12.05.2016. Еве го дописот на НДМ од 13.05.2016 кој е дставен до ДИК во законскиот рок од 48 часа.

Почитувани присутни,

Се поставува прашањето зошто ДИК поставил два дополнителни правно невтемелени услови што значат кршење на Изборниот законик.

Според нашите информации германскиот посредник Јоханес Хајндл на средбите со Груевски, Заев, Ахмети и Тачи им оставил да одберат една од трите варијанти за свикување на собранието и одложување на изборите: 1. Иницијатива до Уставниот суд (реализирано од ДУИ), 2. Известување од ДИК до Собранието дека во три изборни единици има отстапување од дозволениот број на гласачи по изборна единица (реализирано од ДИК) и 3. да се отфрлат листите на НДМ и да се креира ситуација дека е недозволиво во едно демократско општество да има избори само со една изборна листа (оваа операција е во тек).

Со еден збор листите на НДМ се еден вид на колатерална штета.

Како и да е, според логиката на правото и запишаното во Изборниот законик, листите на НДМ за кандидати за пратеници треба да бидат потврдени, а според логиката на политиката и политичките сценарија листите треба да бидат отфрлени.

За НДМ нема дилема. Изборите не се за еден момент туку процес во кој треба да дојде до разбивање на двопартизмот на две партии кои 25 години се менуваат на власт а на земјата не и оди добро. 

Оттука, ако нема избори на 5-ти јуни, ќе има избори на 5-ти во некој друг месец.

Најбитно е што НДМ го започна процесот на демонтирање на политичкиот мнопол на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, решително, храбро, и во интерес на народот.

Ви благодарам,

Медиуми: МРТ МРТ ,Нова ТВТВ 21Сител, ТелмаУтрински весникПресс 24ПлусинфоА1онРепортерТајмСителФакторЕ-магазинНовиниДејлиВестиТВ21Мактел