Ќе поднесеме кандидатски листи во сите 6 изборни единици


10.05.2016 | 20:28:59 | Прес Конференции


Ќе поднесеме кандидатски листи во сите 6 изборни единици

Прес конференција, НДМ Ѓорги Тодоров, член на Извршниот комитет на НДМ Скопје, вторник, 10 мај 2016 Почитувани,

На почетокот да потсетам дека на нашата прес конференција од 9 Април ја обелоденивме и образложивме одлуката на Централниот комитет на партијата да настапи на вонредните парламентарни избори на 5 јуни.

НДМ силно верува дека е созреан моментот народот да го разбие двопартизмот во Македонија, во кој 25 години на власт се менуваат ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ а на земјата не и оди добро, односно народот со секои наредни избори и секоја наредна година живее се потешко, посиромашно и победно, народот веќе е доведен до питачки стап, вакво економско ропство народот македонски во својата досегашна историја не памети, да биде економски поробен од сопствена влада за која гласал сите овие 25 години каде се менуваа и СДСМ И ВМРО-ДПМНЕ.

Македонскиот народ денес живее и работи според народната поговорка „Работи како вол за слама“, со робовски плати со кои ни месецот не може да го дозаокружи за да се прехрани а камоли да живее живот во кој ќе креира и создава, решава станбено или било кое друго егзистенцијално прашање (како што следи; здраво да се храни, да набави нов автомобил, да спортува и рекреира, да оди на ГО и др. сето ова стана за македонскиот народ неостварен сон од алчни политичари).

Во контекс на претходно кажаното НДМ секогаш ѓи става интерсите на граѓанинот, семејството државните интереси, а постигнувајќи го сето тоа фактички на крај се остваруваат и партиските инереси чија цел е враќање на средната класа во РМ, со еден навистина достоинствен стандард за живот на секој граѓанин кој се родил во оваа наша убава земја Македонија.

Затоа, ги повикуваме ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ да не калкулираат со своите теснопартиски интереси, да земат учество на изборите на 5 јуни, за да се излезе од оваа вештачки создадена политичка криза.

Која криза е создадена од ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ со единствена цел да се задоволат тесно партиските интереси на сметка на се потешкиот сиромашен живот на народот во Македонија, кој веќе 25 години е експлоатиран од емоционално незрели политичари кои немаат основен сенз за колективните потреби на граѓаните, кои на избори им го дале мандатот да ја водат РМ во насока каде државата ќе биде место за пристојно живеење на секој граѓанин а не само за политичките елити, кои на секои наредни избори се кријат зад партиските изборни листи, манипулирајќи со надежта на секој граѓанин во Македонија за подобро утре, за подобар живот.

Веруваме дека за овие 25 години македонскиот народ свати и научи со какви политички манипулатори од двете политички партии СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ си има работа и дека е дојдено времето на овие парламентарни избори народот да им пресуди и на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ за тешкиот 25 годишен живот, за одземените 25 години од животот, за кои нема цена со која можат да се вратат годините назад и се поправи нанесената 25 годишна штета, едниствена поправка е да се гласа за НДМ чии единствени идеали пред се и над се; се граѓанинот, семејството и неговата посветла и похумана иднина, како сегашна и идна димензија за подостоинствен човечки живот.

Во однос на двете спорни прашања-избирачкиот список и медиумите, НДМ смета дека избирачкиот список е доведен до поднослива рамка за кредибилни избори, додека за медиумите, за жал, во земјата и натаму владее медиумски мрак и сметаме дека тој едниствено во иднина може да се промени само со промена и замена на двопартискиот систем, со доаѓање на власт на совесни и емоционално зрели политичари кои имаат сенз за потребите на македонскиот граѓанин, семејство народ и нација, такви политичари кои си го сакаат сопствениот народ и држава ги има во НДМ.

Поточно, во актуелната криза во која е заглавена земјата се гледа дека ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ слободата на медиумите ја сакаат само за себе а не и за другите партии, а со таквото практицирање на власта ја гушат демократијата во РМ во сите свери од животот на граѓаните.

Оттука, ние во НДМ сме длабоко свесни за тешката изборна битка што ни претстои, меѓутоа, НДМ силно верува во народот, дека е созреан моментот народот да го разбие воспоставениот политички монопол на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ во демократска Македонија, каде демократијата нема само декларативно да се практикува туку истата ќе се реализира со сите нејзини атрибути од страна на НДМ, од кое практицирање ќе имаат корист сите граѓани во РМ.

НДМ како партија која се бори за одбрана на националните интереси, поаѓајќи од сопствената одговорност не може да стои настрана во овие тешки моменти за земјата, заради што сме исправени пред предизвикот да учествуваме и да ги повикаме и другите партии да учествуваат на изборите и кои ни се истомисленици да дојдат со нас заедно да ја преземеме одговорноста и РМ ја поведеме по вистинскиот пат за подобро утро за сите граѓани на Македонија.

Ја користам приликата да ја информирам јавноста дека во текот на утрешниот ден НДМ ќе поднесе листи во сите 6 изборни единици.

Ви благодарам,

Медиуми: TV 24 VestiTV Kanal 5MKD.mkTime.mkMTV.mk (после 18м.:48с.) TV21.tvMaktel.mkDaily.mk