Бачев: НДМ оди на избори


10.05.2016 | 20:25:23 | Прес Конференции


Бачев: НДМ оди на избори

Јавна дискусија - ЦИВИЛ центар за слобода д-р Јанко Бачев, претседател на Народно движење за Македонија.   Скопје, вторник, 10 мај 2016

Ставот на Јанко Бачев од НДМ, кој беше еден од говорниците на јавната дискусија на тема „Плурализмот и политичката криза„ во организација на ЦИВИЛ - Центар за слобода, различен од ставовите на останатите дваесет лидери на политички партии.

За Бачев, услови за избори има на 5-ти јуни има, а кризата треба да ја решат домашните партии без да се чека на помош од странскиот фактор.“Ние ќе настапиме на овие избори, и ќе поднесеме кандидатски листи. Оваа криза треба да се реши на домашен терен, со наши сили. Странците се тука, утре ќе си отидат. Избирачкиот список е горе-долу во ред. Информациите за 300 или 500 илјади фантомски гласачи, не се точни”, смета Бачев.

https://www.youtube.com/watch?time_continue=2&v=H_Rh_fA_pdw