Бачев: На 5 јуни народот ќе им пресуди на тие што 25 години лажат, крадат, наменски затвораат и убиваат


09.04.2016 | 20:16:10 | Прес Конференции


Бачев: На 5 јуни народот ќе им пресуди на тие што 25 години лажат, крадат, наменски затвораат и убиваат

Прес конференција, НДМ д-р Јанко Бачев, претседател на НДМ Скопје, сабота, 9 април 2016

Почитувани,

Веднаш да кажам дека Централниот комитет на Народно движење за Македонија донесе одлука партијата да настапи на вонредните парламентарни избори на 5 јуни.

https://www.youtube.com/watch?time_continue=1&v=y6gTnhw42UM

Ние во НДМ сме длабоко свесни за тешката изборна битка што ни претстои со ВМРО-ДПМНЕ и со уште неколку сателитски партии од коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ кои по нарачка ќе бидат пуштени да настапат самостојно на изборите.

Исто така, свесни сме за медиумскиот мрак за кој се залагаат Груевски и Заев, бидејќи, сведоци сме дека слободата на медиумите ја сакаат само за себе а не и за другите партии.

Меѓутоа, НДМ силно верува дека е созреан моментот народот да го разбие двопартизмот во Македонија, во кој 25 години на власт се менуваат ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ а на земјата не и оди добро.

Исто така, нашиот настап на изборите на 5-ти јуни е во духот на нашите заложби во однос на длабоката политичка криза во која е заглавена земјата.

Да потстетам, НДМ цело време бараше кризата да се решава на домашен терен со домашна политичка памет и домашно политичко единство како најсилна брана против секаква закана и во оваа насока ги повикувавме Груевски и Заев да се вразумат и да го израдуваат македонскиот народ со домашно решение.

За жал, Груевски и Заев го правеа спротивното и нивното однесување се сведуваше на меѓусебно кодошење кај странците, на штета на народот и државата.

Токму затоа, НДМ презеде поактивна улога во кризата и во овој контекст на 18 мај 2015 лично им доставивме на Заев и Груевски план во 7 точки за решавање на кризата и притоа беа прифатени три точки.

Почитувани присутни,

Пред нас се уште едни парламентарни избори што ќе се одржат на 5 јуни.

Народно движење за Македонија како партија која се бори за одбрана на националните интереси, поаѓајќи од сопствената одговорност не може да стои настрана во овие тешки моменти за земјата, заради што сме исправени пред предизвикот да го повикаме народот на 5 јуни да им пресуди на тие што 25 години лажат, крадат, наменски затвораат и убиваат.

НДМ, како и македонскиот народ е силно вознемирен од недостаток на потребниот капацитет кај Груевски и Заев за заштита на виталните национални интереси кое нешто води кон немерливи последици за земјата.

НДМ ја споделува со народот вознемиреноста, не само како една од политичките партии во земјата, туку и како Македонци кој добро ја познаваат историјата и проблемите во земјата и кои ги преживеале болните авантури и несреќните интервенции на вонмакедонските фактори.

За НДМ нема дилема. Народот повеќе немаме простор за грешки на претстојните избори. А, според наше мислење најголемата грешка би била ако продолжи агонијата со воспоставениот двопартизам.

Гоемите изборни победи на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ кои ги имавме во изминатите 25 години се несреќа за народот, бидејќи така само широко се отвораше портата еден политички реваншизам да се замени со друг.

Затоа, на Македонија и требаат радикални промени.

Народно движење за Македонија го прави долгоочекуваниоот чекор во интерес на Македонија.

На потег е сега народот!

Ви благодарам,

Медиуми: MRT.mk (после 17м. 15с.), A1on.mk, TV 24vestiTV TelmaTV 21MKD.mkReporter.mklokalno.mktime.mk, brif.mk,  grid.mk, standard.mk, daily.mknovini.mkvesti.mk