Иванов ќе го помилува и Заев за неутрализирање на револтот од помилувањето на вмровски функционери


27.02.2016 | 20:09:27 | Прес Конференции


Иванов ќе го помилува и Заев за неутрализирање на револтот од помилувањето на вмровски функционери

Прес конференција, Народно движење за Македонија Ѓорги Тодоров, член на Извршниот комитет на НДМ Скопје, сабота, 27 февруари 2016

Почитувани,

Повод за денешната прес конференција е одлуката на Уставниот суд да поведе иницијатива против Законот за помилување, според кој се забранува помилување на осудени лица за изборен криминал.

Веднаш да кажам дека според сознанијата на НДМ се отвара сериозно сомневање дека се работи за опасен пропагандистички трик на власта, со кој, преку претседателот-послушник  Ѓорге Иванов треба да се неутрализира револтот на јавноста со очекуваното помилување на функционери на ВМРО-ДПМНЕ вмешани во изборни нерегуларности.

Имено, по донесувањето на одлуката на Уставниот суд за околу триесетина дена, од страна на претседателот Иванов ќе следи помилување на функционери на ВМРО-ДПМНЕ, но, Иванов истовремено ќе даде помилување и на обвинетиот Зоран Заев и другите лица во предметот „Пуч„.

На тој начин, владеачката ВМРО-ДПМНЕ ќе го неутрализира револтот на јавноста од одлуката на претседателот Иванов за помилување на функционерите на ВМРО-ДПМНЕ, со тоа што ќе го помилува и лидерот на СДСМ и другите лица од предметот „Пуч„.

Обрнуваме внимание дека претседателот Иванов нема законска обврска да бара согласност од лицата што ги помилува, и оттука, залудни ќе бидата правдањата на СДСМ дека нивниот претседател не барал помилување.

Значи, одлуката што ќе следи од Иванов да аболицира обвинети лица од ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ е во функција на остварување на политичка корист од страна на власта во еден крајно чуствителен период кога ќе започне изборната кампања за изборите на 5 јуни.

Затоа, земајќи предвид дека оваа калкулантска игра на власта има реални шанси да заживее, Народно движење за Македонија како и македонскиот народ, сакаме навремено да го предупредиме претседателот Иванов да не дозволи ваквата сомнителна одлука на Уставниот суд да преставува мина во неговите раце со закаснето дејство која би ја активирале во моментот кој самите би го одредиле оние кои не прифаќаат Македонија да избира претседател-послушник на државата.

Оттука, ја повикуваме македонската влада да работи на постигнување законитост, легитимитет и доверба кај граѓаните, а не да креира игра со чуствителни прашања како што е помилувањето на обвинети лица за тешки кривични дела што може дополнително да ја оптерети македонската реалност!

Ви благодарам,

Центар за комуникации со јавноста на НДМ Скопје, 27 февруари 2016

Медиуми: falanga.com.au,  maktel.mk,   ТВ24 вести.мк,   makfax.com.mk,   tocka.com.mk,   MKDnews.com,   makedonija.com,   daily.mk,   aktuelno24.mk,   grid.mk,   iris.mkb2.mk,  ">youtube,  time.mk