Бачев: ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ сакаат демократија само за себе


31.01.2016 | 19:57:04 | Прес Конференции


Бачев: ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ сакаат демократија само за себе

На дебата „Плурализмот и политичката криза“, организирана од ЦИВИЛ, претседателот на НДМ д-р Јанко Бачев зборуваше за слабостите на ревидираниот Изборен законик. Тој истакна дека поранешниот премиер Никола Груевски и опозицискиот лидер Зоран Заев ги мамат граѓаните и дека внеле одредби во законикот кои се катастрофални за помалите партии.

На дебатата учествуваа 11 лидери на политички партии и политички иницијативи, кои не се дел од преговорите за надминување на политичката криза кои два часа дискутираа и полемизираа за причините и за можните решенија на политичката криза во Македонија.