(Новогодишно обраќање) Бачев: Зарем ќе заборавиме што и направија на Македонија ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ во изминатите 25 години


31.12.2015 | 19:41:43 | Прес Конференции


(Новогодишно обраќање) Бачев: Зарем ќе заборавиме што и направија на Македонија ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ во изминатите 25 години

Новогодишно обраќање, НДМ д-р Јанко Бачев, претседател на Народно движење за Македонија. Скопје, четврток, 31 декември 2015

Почитувани граѓани

2015 година е веќе зад нас, пред нас е новата 2016 година. Секој од нас си има свое видување за годината што измина и свои цели, желби и соништа за годината пред нас. И на секој од нас многу фактори му влијаеле на индивидуален план годината да му биде подобра или полоша.

https://www.youtube.com/watch?time_continue=1&v=Mv5bu08ZvzA

Другата страна се случувањата во државата кои директно или индиректно влијаат на нашите животи.

На државен план, ние во Народно движење за Македонија преземавме се што е во наша моќ за одбрана на националните и државните интереси.

Да потсетам:

Први инициравме ревизија на криминалната приватизација и незастарување на кривичните дела поврзани со приватизацијата;

Први инициравме данок за богатите за делумно да ги исправиме неправдите од криминалната приватизација;

Први инициравме лустрација во Македонија која за жал целосно се измести од својата цел;

Ги расветливме предавствата за време на татковинската војна во 2001 година;

До МАНУ поднесовме Меморандум за Македонската енциклопедија;

До државното обвинителство поднесовме кривична пријава за фалсификување на пописот во 2002,

Го прикажавме срамниот прием на Македонија во Обединетите нации;

Во Собранието поднесовме Стратегија за одбрана на уставното име;

Исто така, инициравме и повеќе други економски мерки. Да потсетам на некои:

- Во Собранието инициравме Закон за право на бесплатни акции за сите лица кои не добија акции во криминалната приватизација иако општествениот капитал го создаваа сите работни луѓе во социјализмот. Во првата фаза да се разделат бесплатни акции од ЕЛЕМ и МЕПСО, државниот капитал во Телеком, Македонија Пат, Аеродромот Александар Велики и Јавното претпријатие за стопанисување со станбен и деловен простор, а во секоја наредна фаза ќе следи распределба на акции и од други јавни претпријатија и оние во кои има државен капитал;

- продажба на 10.000 службени возила (Данска и Норвешка имаат само по 18 возила)

- намалување на казните и воведување на правило од 3 опомени пред казнување;

- Воведување 7 - часовно работно време од 7,00 до 14,00 часот;

- минимална казна од 10 години затвор за кражба на буџетски пари;

- укинување на апанажата, бидејќи пратениците и сите други функционерите и по престанок на мандатот земаат плата уште 12 месеци без ништо да работат;

- укинување на ангажираната моќност што граѓаните ја плаќаат со сметките за струја;

- ревизија на лихварскиот банкарски систем кој немилосрдно го краде народот..., и бројни други мерки да не одам во детали во ова обраќање кои можете да ги видите во нашата програма

Сепак, ќе се согласиме дека годината зад нас ја одбележа тешката криза која го доведува во прашање опстанокот на Македонија.

Оваа криз покажа дека ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ немаат капацитет да ги решаваат проблемите на домашен терен со домашна памет и со домашно политичко единство кое е најсилната брана против секоја закана.

Затоа, ние во Народно движење за Македонија презедовме една поактивна улога и на 18 мај им доставивме лично на Никола Груевски и Зоран Заев план од седум точки за надминување на кризата од кој досега се прифатени три точки.

Со ваквата ориентација ќе продолжиме и во новата 2016 година давајќи го максимумот за унитарна, подобра и поуспешна Македонија.

Меѓутоа, проблемите не смееме да ги бараме на друго место, во другите националности, во меѓународниот фактор, кај соседите или којзнае каде.

Не!

Проблемите се овдешни, во нас, во системот во кој живееме, во властите што ги избиравме и во партиите што ги подржувавме во изминатите 25 години.

СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ 25 години се менуваат на власт, а не се менува ништо и на земјата не и оди добро.

А видовме во овие 25 години колку овие две партии ја сакаат Македонија-ги премолчија сите антимакедонски потези со кои се изврши рекомпонирање на политичкиот систем, редефинирање на унитарниот карактер на државата, ново територијално прекројување на Македонија, сакаат да ја скршат самодовербата и самопочита на македонскиот народ, заговараат промена на вековното македонско име...

Зарем ќе заборавиме што и направија на Македонија ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ во изминатите 25 години.

И не случајно граѓаните сега со право се прашуваат што и после изборите во април 2016

Затоа, ве повикувам заеднички да го најдеме излезот од тунелот во кој со години се наоѓаме. Мудроста е кај Вас. Нашата улога како Народно движење за Македонија е да ги слушнеме, проучиме и да ги реализираме вашите идеи и предлози.

Ние ќе се бориме, од Вас и од Вашата волја зависи дали во тоа ќе успееме.

Затоа, на Македонија и треба радикална промена.

На крајот Ви посакувам Среќна нова 2016 година со многу желби за многу среќа и добро здравје.

Медиуми:

 Плусинфо

 Мактел

 Фаланга

 МКД

Маквести

 Кинодром

Новини

 Тајм

 Дејли

 Грид

 Вести

 Алвидеолајн

 ">Јутуб

Центар за комуникации со јавноста на НДМ Скопје, 31 декември 2015