Зошто Груевски не дозволува започнување на постапката за собирање на 10.000 потписи?!


27.10.2015 | 16:32:38 | Прес Конференции


Зошто Груевски не дозволува започнување на постапката за собирање на 10.000 потписи?!

Изјава, НДМ, Здружение за заштита на правата No pasaran д-р Јанко Бачев претседател на НДМ и Стрезо Стрезовски, Здружение за заштита на правата No pasaran Скопје, 27 октомври 2015

Иницијативниот одбор за покренување на Граѓанската иницијатива за донесување на Закон за дополнување на Законот за енергетика со кој се бара укинување на надоместокот од 33,33% за ангажирана моќност за струја и укинување на надоместокот за парно греење кој го плаќаат домаќинствата иако се исклучени од мрежата, денес, 27.10.(вторник) на средба во Владата побара одговор на прашањето зошто премиерот Никола Груевски во смисла на Законот за референдум и други облици на непосредно изјаснување на граѓаните сеуште не праќа известување до Државната изборна комисија како би можеле да започнеме со постапката за собирање на 10.000 потписи.

Притоа, изјава за медиумите дадоа д-р Јанко Бачев и Стрезо Стрезовски од Здружението за заштита на правата No pasaran.