Министерството за здравство да излезе со јасен став за трагичниот настан во гевгелиската болница


27.10.2015 | 16:28:40 | Прес Конференции


Министерството за здравство да излезе со јасен став за трагичниот настан во гевгелиската болница

Прес конференција, Народно движење за Македонија Александар Стамков, Претседател на Општински комитет на НДМ Гевгелија Гевгелија, 27 октомври 2015

Претседателот на Општинскиот комитет на Народно движење за Македонија во Гевгелија, Александар Стамков, денеска, 27.10.2015 (вторник), на прес конференцијата пред Општата Болница во Гевгелија се осврна на актуелната состојба во гевгелиската општа болница каде во четвртокот трагично почина родилката Маја Кадиева од Дојран и нејзината неродена ќерка во одделението за гинекологија.