(ВИДЕО) Граѓанска иницијатива за укинување на надоместокот за струја и парно


05.10.2015 | 16:18:28 | Прес Конференции


(ВИДЕО) Граѓанска иницијатива за укинување на надоместокот за струја и парно

Народно движење за Македонија согласно Законот за референдум и други облици на непосредно изјаснување на граѓаните, денес, 05.10.2015, преку овластениот предлагач, претседателот на НДМ, Јанко Бачев кој е прво потпишан на иницијативата, до Претседателот на Собранието поднесе предлог за отпочнување на постапката за собирање на 10.000 потписи за покренување на граѓанска иницијатива на државно ниво за донесување Закон за дополнување на Законот за енергетика.

Со дополнувањето на Законот за енергетика се бара укинување на давачката за ангажирана моќност што ја плаќаат корисниците со сметките за електрична енергија покрај потрошената активна електрична енергија, укинување на давачката за ангажирана моќност (фиксен дел) од надоместок за топлинска енергија што ја плаќаат  домаќинствата иако се исклучени од мрежата и не се корисници на парно греење, именување на еден член на Регулаторната комисија за енергетика од редот на корисниците на електрична и топлинска енергија, поврат на ДДВ за домаќинствата кои инсталираат сончеви термални колектори од вкупната цена за купување и вградување на истите.

https://www.youtube.com/watch?time_continue=33&v=dCF0-Cf9DIc

Линк до некои медиуми од настанот: ТВ 24 Вести,  А1,  Тајм,  Плусинфо,  Репортер,  Б2.мк,  Плусинфо