МВР да престане со лагата дека работи на откривање на атентаторот врз Глигоров


04.10.2015 | 16:15:04 | Прес Конференции


МВР да престане со лагата дека работи на откривање на атентаторот врз Глигоров

Прес конференција, Народно движење за Македонија д-р Јанко Бачев, претседател на НДМ Скопје, недела, 4 октомври 2015

Почитувани,

Повторно 3-ти октомври е уште едно потсетување, дека пред 20 години беше извршен обид за атентат врз тогашниот претседател Киро Глигоров, кога врз неговото службено возило беа активирани 20 килограми експлозив со далечинска команда, кои се наоѓале во паркиран автомобил.

По повод овој настан, помошник министерот за односи со јавноста во МВР, Иво Котевски, вчера рече дека во МВР и натаму се води постапка против непознат сторител.

Меѓутоа, денес на многу конкретен начин, ќе и покажеме на јавноста дека кажаното од МВР дека се работи на атентатот е една подмолна лага која со години се повторува.

Имено, ова е интерен документ-телеграма од врвот на МВР до сите организациони единици на тајната служба и криминалистичката полиција.

Во овој документ јасно стои, цитирам: „Ве известуваме дека Штабот на Оперативната акција Автомобил во седиштето на МВР веќе не постои како посебна организациона целина„ – завршен цитат.

Повторувам, Штабот на Оперативната акција Автомобил се укинува.

После овој сканадолозен документ, со кој се укинува Штабот и ОА Автомобил, суштинско прашање кое ја интересира јавноста е:

Зошто МВР и понатаму продолжува со подмолната лага дека се работи на откривање на атентаторот врз Глигоров, кога Штабот и ОА Автомобил се укинати?

Значи, останува да чекаме случајно да се открие атентаторот кој пред 20 години сакаше да ја дестабилизира државата.

Ви благодарам

Линк до некои медиуми за прес конференцијата: Телма,  еМагазин,  Тајм,  Грид,  Фаланга,  Мактел