25.09.2015 | 16:10:47 | Прес Конференции



Изјава, НДМ, Здружение на оштетените граѓани.  д-р Јанко Бачев, претседател на НДМ, Ѓоко Серафимовски претставник на здружението.   Скопје, петок, 25 септември 2015

Народно движење за Македонија, денес, 25.09. (петок), заедно со претставниците на Здружението на оштетените граѓани поднесе Иницијатива до Уставниот суд за поништување/укинување на Правилата за снабдување со топлинска енергија поради тоа што не се во согасност со уставот и законот.

Претседателот на НДМ, Бачев истакна: - Народно движење за Македонија на трибината насловена како „Плаќаат за парно што не ги грее„ што ја организираше минатата сабота на 19.09.2015 најави две нови иницијативи за надминување на грабежот на граѓаните со плаќањето сметки за парно греење иако се исклучени од мрежата. Како што можете да видите, првата иницијатива е до Уставниот суд за поништување на Правилата за снабдување со топлинска енергија донесени од Регулаторната комисија за енергетикa.

https://www.youtube.com/watch?time_continue=2&v=4vp0xHQ_DNs

Иницијативата се сведува на тоа што со Правилата се утврдува давачка за граѓаните насловена како  „надоместок за ангажирана моќност (фиксен дел) од надоместокот за топлинска енергија“ иако согласно Уставот, поточно член 68 став 1, давачка може да утврди само Собранието со закон, што значи дека Регулаторната комисија нема уставно овластување со свој интерен подазконски акт да утврдува давачка за граѓаните. Оваа давачка не произлегува ниту од Законот за енергетика. Воедно, во оваа прилика ја најавувам и нашата втора иницијатива која се состои во тоа, согласно Законот за референдум и други облици на непосредно изјаснување на граѓаните, од понеделник Народно движење за Македонија покренува иницијатива за собирање на 10.000 потписи и како овластен предлагач да иницираме постапка во Собранието за укинување на оваа бесмислена давачка со која граѓаните плаќаат за услуга што не ја користат. Ние во Народно движење за Македонија сме длабоко убедени дека со двојниот напад преку Уставниот суд и Собранието на неуставната,  незаконската и неправилната давачка за граѓаните, ќе успееме најмалку со едната иницијатива со што ќе го надминеме топлотниот удар во кој се зглавени околу 20.000 граѓани поради тоа што добиваат сметки за парно греење и плаќаат за парно што не ги грее бидејќи се исклучиле од мрежата – рече Бачев.

Изјавата на Ѓоко Серафимовски

Иницијативата до Уставниот суд