Дебата: Плаќаат за парно што не ги грее


19.09.2015 | 16:01:41 | Прес Конференции


Дебата: Плаќаат за парно што не ги грее

Стручна дебата, Народно движење за Македонија Скопје, хотел Континентал, сабота, 19 септември 2015

Народно движење за Македонија, денес, 19.09.2015 (сабота), организираше дебата на тема: „Плаќаат за парно што не ги грее„.На дебатата свое излагање имаа Јанко Бачев, Ружица Попева Наумова, Стамен Филипов, Стрезо Стрезовски и Марјан Ненов. Модератор на дебатата беше Гоце Делчев Тодев.Општ заклучок на дебатата е дека обврската за плаќање сметки за парно во услови кога се исклучени од системот на греење, претставува грабеж на граѓаните.

https://www.youtube.com/watch?time_continue=2&v=uDbGVWV4Aug

Претседателот на НДМ, д-р Јанко Бачев истакна: „Народно движење за Македонија после првата трибина од 12 август за Рамковниот договор, денеска продолжува со втората трибина согласно ориентацијата на нашата партија за еден серијал на трибини за важни теми за сите нас. Денешната дебата ќе биде за топлотниот удар во кој со години се зглавени околу 20.000 граѓани поради тоа што добиваат сметки за парно греење и плаќаат за парно што не ги грее бидејќи се исклучиле од мрежата.

Со еден збор, плаќаат за услуга која не ја користат. Многу е зборувано во јавноста за активностите на оштетените граѓани за надминување на оваа неправилна состојба и нивните иницијативи до наделжните државни органи и до Уставниот суд кои досега се покажаа за неуспешни. Затоа, Народно движење за Македонија ќе преземе една поактивна улога на овој план со актуелизираање на две нови институционални иницијативи: прво, правната Комисија на Народно движење за Македонија ќе ги оспори Правилата за снабдување со топлинска енергија до Уставниот суд, но, сега по еден нов основ. Имено, според член 68 став 1 од Уставот Собранието на Република Македонија ги утврдува јавните давачки, од што на недвосмислен начин произлегува одговорот на прашањето за исклучивата надлежност на законодавниот дом во доменот на утврдувањето на јавните давачки. Од друга страна, не е спорно дека нема двострани обврзувачки договори за користење на топлинска енергија склучени од страна на околу 20.000 граѓани како потрошувачи. Само со закон може да се стипулираат права и обврски за граѓаните, додека со подзаконски акти само се доуредуваат правата и обврските со закон.  Меѓутоа, Регулаторната комисија за енргетика со подзаконски акт - Правилата за снабдување на топлинска енергија пропишала права и обврски, а во случајот класична давачка- граѓаните да плаќаат за услуга што не ја користат.  Значи, Регулаторната комисија за енергија во никој случај неможе со свои интерни акти и дејствија да пропишува јавни давачки, како во случајот со одредување на дополнителна давачка - надоместокот за ангажирана моќност (фиксен дел) од надоместокот за топлинска енергија од лица кои не користат парно греење и се исклучени од мрежата, што се бара од граѓаните да се уплатува секој месец, второ, НДМ ќе покрене и граѓанска иницијатива со 10.000 потписи за укинување на давачката што ја плаќаат граѓаните за парно греење иако се исклучени од мрежата. Ова се правните активности, а во делот на линијата на политичките активности на НДМ, нашата улога како Народно движење за Македонија е да ги слушнеме, проучиме, обмислиме и се обидеме да ги реализираме вашите идеи и предлози„ – рече Бачев.