Бачев му оддава почит на Тодор Александров - човекот кој го даде животот за Македонија. Слава му!


31.08.2015 | 15:55:13 | Прес Конференции


Бачев му оддава почит на  Тодор Александров - човекот кој го даде животот за Македонија. Слава му!

Изјава, Народно движење за Македонија
д-р Јанко Бачев, претседател на НДМ
Ново село, 31 авагуст 2015

По повод 91 година од смртта на Тодор Александров, денес, 31 август 2015 (понеделник), се одржа панихида во штипско Ново село во црквата „Успение на Света Богородица„ во присуство на делегација на Народно движење за Македонија во состав, претседателот Јанко Бачев, организацискиот секретар Гоце Делчев Тодев и претседателот на Општинскиот комитет на НДМ Штип, Јордан Шаклев. Притоа, делегацијата на НДМ положи цвеќе и се поклони пред спомен плочата на Тодор Александров поставена на местото на неговата родна куќа во Ново село.

Почитувани,

Народно движење за Македонија и јас како нејзин претседател, особено сме почестени поради можноста да бидеме дел од панихидата на Тодор Александров - еден од најзначајните борци за слободна и независна  Македонија. 

Ја користам оваа прилика уште еднаш да ја потсетам Македонија и Македонците дека со почитта на сите македонски борци го јакнеме македонското самочуство, а со игнорирањето на некои од нив се деградираме самите себе и стануваме недостојни на нашето минато, со што им даваме аргументи на оние кои не ја прифаќаат Македонија како дефинитивен факт на самостојна држава.

За нас во Народно движење за Македонија нема дилема дека е потребно да се  одржува жив споменот за Тодор Александров и сите останати славни и храбри Македонци, дотолку повеќе, во услови кога земјата е соочена со нецивилизациски негирања, заради што, не смее ниту еден Македонец да се оградува од нашите борци, или уште полошо-да фалсификува.

Имаме милиони причини, историски и наметнати, политички и економски, реални и ирационални за делби и поделби на македонското национално ткиво.

Една, единствена мисла треба да е заедничка за сите нас - треба неразделно да дејствуваме во однос на сите наши борци за Македонија и на сите наши македонски простори.

 

Кога тоа ќе го разбереме, ги отвораме вратите за решавање на меѓумакедонсикте делби и отвораме простор за иднината на нашата единствена татковина Македонија - Силата е во слогата и единството на Македонците.