Дебата: 14 години Рамковен договор-состојби и предизвици


12.08.2015 | 15:46:49 | Прес Конференции


Дебата: 14 години Рамковен договор-состојби и предизвици

Стручна дебата, НДМ, д-р Јанко Бачев, д-р Јове Кекеновски, д-р Тони Науновски, д-р Миодраг Лабовиќ, д-р Владимир Пивоваров, д-р Стефан Влахов Мицов, д-р Тодор Чепреганов, д-р Нестор Огинар, Ристо Никовски, Драган Несторовски, Гоце Делчев-Тодев. Скопје, Дом на АРМ, среда, 12 август 2015

Народно движење за Македонија, денес, 12 август (среда) организираше стручна дебата насловена како „14 години Рамковен договор - состојби и предизвици„.

На дебатата свое излагање имаа универзитетски професори Јанко Бачев, Јове Кекеновски, Тони Науновски, Миодраг Лабовиќ, Владимир Пивоваров, Стефан Влахов Мицов, Тодор Чепреганов, Нестор Огинар, амбасадорот Ристо Никовски, пензионираниот пoлициски началник Драган Несторовски и претседателот на независниот синдикат на полицијата Гоце Делчев-Тодев.

Модератор на дебатата беше полковник Трпко Спасовски.

Општ заклучок кај учесниците на дебатата е дека и по 14 години Рамковниот договор се толкува различно - додека кај дел од населението се доживува еуфорично и се слави, кај дел предизвикува фрустрации.

Исто така беше посочено дека меѓуетнички тензии, партизирана администрација, бинационална држава, живот едни покрај други, наместо едни со други, фалсификуван попис од 2002, надминување на застапеноста на Албанците-административци и над 50 отсто, вака според експертската јавност беше претставена Македонија, 14 години по потпишувањето на Охридскиот рамковен договор.

 

Линк до некои медиуми од дебатата:

Телевизија Телма

Телевизија 24 Вести

Телевизија Алсат-М

Македонска Телевизија (после  26 минута и 30 секунда на видеото)

Телеграф

Плусинфо

Таратур

Тиме

Кирилица

Инпрес