Бачев: Опасна авантура е играта на ВМРО-ДПМНЕ со партиска структура да ја брани државата


09.07.2017 | 15:37:27 | Прес Конференции


Бачев: Опасна авантура е играта на ВМРО-ДПМНЕ со партиска структура да ја брани државата
Изјава, Народно движење за Македонија д-р Јанко Бачев, претседател на НДМ Скопје, четврток, 9 јули 2017

Претседателот на Народно движење за Македонија, проф. д-р Јанко Бачев, денес, 09.07.2015 (четврток) даде изјава во врска со вчерашното соопштение на ВМРО-ДПМНЕ во кое се вели дека ВМРО-ДПМНЕ ќе го искористи следниот период за организација на партиската структура за одговор на сите можни црни сценарија подготвени и организирани од Зоран Заев.

Претседателот на НДМ Јанко Бачев истакна: -„Голема е загриженоста кај мене и македонскиот народ од вчерашната најава на ВМРО-ДПМНЕ дека со нивната партиска структура ќе ја штитат државата од евентуалните црни сценарија на Зоран Заев, бидејќи ова во превод значи повик за меѓумакедонска братоубиствена војна помеѓу структурите на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ. Во случај да дојде до евентуални црни сценарија од Зоран Заев или било кого во државата, тогаш, не треба да повикуваме партиски структури, туку треба да ги повикаме државните органи да постапат согласно своите надлежности и да покажат институционален капацитет веднаш да ги решат таквите опасни и штетни црни сценарија. Оттука, граѓаните  сега очекуваат од ВМРО-ДПМНЕ разрешување на дилемата дали овие задкулисни сценарија се резултат на некои отуѓени партиски центри вон контрола на ВМРО-ДПМНЕ, или, пак станува збор за свесна активност на актуелната владеачка гарнитура. Како и да е, ги потсетувам колегите во ВМРО-ДПМНЕ дека нивната најава за одбрана на државата со нивната партиска структура, е опасна авантура со тешки и немерливи последици - рече  Бачев.