Изјава на Гоце Делчев Тодев и Јанко Бачев


05.07.2015 | 15:33:26 | Прес Конференции


Изјава на Гоце Делчев Тодев и Јанко Бачев

Изјава, Здружение „Црешева Чета“, НДМ  Гоце Делчев Тодев, претседател на Здружение  „Црешева Чета“„  д-р Јанко Бачев Претседател на НДМ  Скопје, Хортел Александар Палас, недела, 5 јули 2015

Претседателот на Здружението „Црешева чета“, Гоце Делечев Тодев, и претседателот на Народно движење за Македонија, проф. д-р Јанко Бачев, денес, 5.07.2015 (недела), во пресрет на празникот „Илинден„ дадоа заедничка изјава во врска со започнувањето на нова манифестација на организирање на илинденски коњички марш до Крушево.

Претседателот на Здружението „Црешева чета„ Гоце Делчев Тодев истакна: 

Годинава, промотивно, по првпат, Здружението за почитување на македонските традиционални вредности „Црешева чета„ и партијата Народно движење за Македонија организираме илинденски коњички марш во врска со традицоналната манифестација „112 години Крушевска Република„.

Коњаницата ќе почне на 26 јули со сенародна прослава во црквата „Св. Спас „ во село Црешево. Наредниот ден на 27 јули коњаницата ќе престојува во Лисиче,  по што, на 28 јули по традиционалната маршута  која води од Скопје преку Брезница, по 4 дена и поминати околу 150 километри на коњ, предвидено е да стигне на 1 август во славното Крушево, на Мечкин Камен  каде коњаницата ќе учествува на импровизираниот напад на Крушево, а утредента на 2 август коњаницата ќе дојде на Ценралната прослава.

На првиот марш ќе тргне коњаница од девет македонски патриоти избрани на конкурс, а се надеваме дека во иднина оваа манифестација ќе стане уште помасовна.

Претседателот на Народно движење за Македонија, Јанко Бачев  рече:

Народно движење за Македонија, за одбелжувањето на големиот национален празник „Илинден„ годинава се вклучува во новата манифестација која ќе стане дел од македонската традиција.

За НДМ нема дилема.

Ние сме убедени дека и на ваков начин се помага во заштитата и промовирањето на националните интереси, и во овој контекст што може да се очекува од една партија која секогаш е на првата линија во одбрана на македонските национални интереси, освен нашата силна обрска на големиот национален празник „Илинден„ да оддаваме признание на илинденските херои.

Тоа е всушност нашиот долг што Македонците им го заветуваат уште од мали на своите потомци: кога ќе пораснат да одат во Крушево, да се поклонат на славните илинденци, на храбрите Македонци, кои цел свет ги знае по нивните натчовечки херојства за слободата на својата држава - Македонија.

Најавувам дека оваа манифестација ќе стане дел од славната македонска илинденска традиција, а учесниците ќе имаат несекојдневна прилика доживувањето да ги потсети на она како македонските војводи оделе со своите чети по планините.