Изјава на Бачев за немилиот настан во Куманово


10.05.2015 | 15:25:44 | Прес Конференции


Изјава на Бачев за немилиот настан во Куманово

Изјава, Народно движење за Македонија д-р Јанко Бачев, Претседател на НДМ Скопје, 10 мај 2015

Претседателот на НДМ, проф.д-р Јанко Бачев, денес, 10.05.2015 (вторник) даде свое мислење за порталите Фактор, МКД и Мактел во врска со вооружената пресметка на специјалните полициски сили со терористичаката група во Куманов 

Немилот настан во Куманово отвора повеќе дилеми кои во оваа прилика сакам да ги споделам со македонската јавност.

 Прво, со актуелната длабока поделба меѓу Македонците како резултат на актуелното недозволиво превирање меѓу власта и опозицијата, всушност е поставена сцената за преземање на терористички акции, а кои, многу е веројатно дека ќе се случуваат и во идниа. Ова особено добива на сериозност ако се знае дека за кратко време по случаите „гранатирање на Владата„ и „Гошинце“, повторно сме сведоци на обид за дестабилизација на земјата и загрозување на нејзиниот суверенитет и интегритет.

Второ, Крајно време е Никола Груевски и Зоран Заев како најодговорни за безбедноста и опстанокот на земјата, да се вразумат, и конечно да ја израдуват јавноста заради фактот што за прв пат власта и опозицијата ќе постигнат домашно единство кое е најсилната брана против секоја закана.

Трето, дали капацитетот на претседателот на РМ како врховен командант и премиерот на владата под кое е одговорно МВР, се лимитирани во смисла на способноста на донесување на соодветни одлуки заради фактот што во моментот се опкружени со некомпетентни советници кои на тие места не се поставени врз основа на знаење, искуство и достигнување. Што е логично, ако се земе во предвид фактот дека вакви советници за национална безбедност имавме и во 2001 кај претседателот и премиерот, а знаеме дека Македонија од таа војна излезе поразена, посрамена и понижена.

Четврто, бројот на загинати полициски специјали остава впечаток дека имало пропусти во полициската акција, бидејќи, во такви акции кога МВР е во доминантна предност со информациите за терористичката група, истата се решава речиси без жртви на страната на безбедносните сили,  или, евентуално со цивилни жртви кои, сега, модерно се нарекуваат колатерална штета.

 Петто, Со оглед на официјална потврда од МВР дека терористичката група е од соседна држава, според мене, добар тактички приод би бил кога македонските власти во согласност со своето меѓународно правно-признато право (член 34 и 35 од Повелбата на ОН) би му обрнале внимание на Советот за безбедност или на Генералното собрание на Обединетите нации за овие загрозувачки настани по мирот и безбедноста, односно, да се побара седница на Советот за безбедност на ОН да расправа по ова прашање, со цел, лоцирање на одговорност кај соседната држава.

Линк до порталите МКД, Фактор и Мактел:

http://www.mkd.mk/makedonija/partii/bachev-krajno-vreme-e-gruevski-i-zaev-da-se-vrazumat-i-da-postignat-edinstvo

http://faktor.mk/2015/05/10/bachev-golemata-brojka-na-zaginati-politsajtsi-ukazhuva-na-propusti-vo-istragata/

http://www.maktel.mk/News.aspx?id=38354