Скандалозен грабеж на парите и гласовите на НДМ на изборите


04.05.2014 | 15:22:54 | Прес Конференции


Скандалозен грабеж на парите и гласовите на НДМ на изборите

Прес конференција, Народно движење за Македонија д-р Јанко Бачев, претседател на НДМ Скопје, недела, 4 мај 2014

Почитувани,

Велат дека во Македонија постои политички плурализам и слободни непосредни и демократски избори избори со рамноправен настап на сите учесници во изборите.

Меѓутоа, со денешната прес конференција сакаме да ја запознаеме јавноста со пеколното подземно сценарио за понижување на НДМ на изборите преку перфектно изведената операција на грабеж на парите и гласовите на партијата.

https://www.youtube.com/watch?time_continue=1&v=DwwYk_MsWvY

Еве ги фактите за грабежот на парите:

Во два наврати преку извршител ни беа одземени 120.000 денари за наводен долг од 2011, кој, замислете, решиле да го наплатат токму на стартот на изборната кампања кога НДМ требаше да започне со уплати кај медиумите за наша предизборна промоција.

Ова се два банкарски изводи од кои во два наврати на 3 април од нашата сметка се симнати 29.573 денари  и 90.427 денари, или севкупно 120.000 денари.

Понатаму, министерот за правда Блерим Беџети има донесено решение за исплата на 652.824 денари на НДМ по основ на Законот за финансирање на политичките партии.

Иако уште во јануари кога беа распишани изборите во разговор со Беџети, како и лицата Адеми и Касами од кабинетот на Беџети, добивме цврсто уверување дека буџетските средства кои законски не следуваат најпосле ќе легнат на нашата сметка, заради што со конкретни медиуми договоривме уплата и на овие средства за наша предизборна промоција.

Ове е тоа решение на износ од 652.824, денари кое може да го видите во оригинал.

Меѓутоа, наместо на сметка на НДМ, според нашите последни сознанија министерот Беџети ги насочил на семејство на терористичката ОНА од војната во 2001 година.

Значи, севкупно, по двата основа на НДМ предизборно и се украдени 772.824, денари, заради што ќе следат соодветни судски постапки. Меѓутоа, од аспект на изборите, што ни вреди тоа кога изборите завршија.

Ако се знае дека ценовникот на влијателните телевизии во земјата за изборите беше доста прифатлив, односно, евро-секунда, произлегува дека со парите што ни беа украдени нашата медимумска промоција за изборите беше блокирана.

Почитувани присутни,

Покрај грабежот на парите, сознанијата што ги добивме за неважечките ливчиња побудуваат сериозно сомнение дека ни се украдени и петнаесетина илјади гласови.

Еве ги фактите:

Еден ден по изборите, во понеделникот на 28 април, во тект на целиот ден добивавме информации од овластени набљудувачи на изборните места за неважечки ливчиња на кои е заокружен некој од носителите на листи на НДМ.

Во попладневните часови таа бројка сериозно порасна и оттука, во 17.20 минути, поднесовме до ДИК известување дека ќе извршиме увид во неважечките ливчиња во смисла на член 22 став 7 од Изборниот законик во кој е пропишано, цитирам: „Овластениот претставник на подносителот на листата има право на седница на изборен орган да побара и да изврши целосен увид во целокупната документација на изборниот орган„.

Во моментот на поднесувањето на барањето до ДИК, според нашите информации бројката на неважечки ливчиња на НДМ изнесуваше 7.120

За НДМ е уште пошокантен податокот дека бројката од 7.120 неважечки гласачки ливчиња која ја добивме во понеделникот, првот ден после изборите, во меѓувреме по обработката на целиот изборен материјал пораснала, внимавајте добро, на 14.700 неважечки ливчиња на кои стои носител на листа од НДМ.

Околу 60 отсто од оваа бројка или около 9.000 гласови се во првата изборна единица каде јас бев носител на листа на НДМ.

Општо познато е дека токму во изборната единица 1 живее претежно т.н. интелектуален слој во земјата и оттука е за неверување дека овие луѓе не знаат како да гласаат и наводно покрај моето име заокружувале  уште едно име, што пак, го прави гласачкото ливче неважечко.

Како и да е, скандалозно е што ДИК свесно го крши законот со недозволувањето да извршиме увид во неважечките ливчиња и јавноста да ја виде оваа изборна лакрдија.

Еве го Изборниот законик кој дава право да извршиме увид во гласачките ливчиња.

Еве го барањето на НДМ до ДИК поднесено на 28 април во 17.20 минути.

НДМ прашува, зошто ДИК одбра свесно да не го почитува законот. Зошто ја ускратува јавноста за информација за големиот број на украдени гласови на НДМ.

На крај, во оваа прилика, само ќе спомнам дека овој подмолен обид за понижување на НДМ со грабежот на парите и гласовите влече корен од ланските локални избори кога ја добивме заканата дека НДМ ќе биде растурена. Како што е познато, НДМ настапи самостојно на тие локални избори и освои трет изборен резултат после коалициите на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ со освоените 15.537 гласови.

Сега на парламентарните избори ја лансиравме идејата дека Македонија има потреба од патриотска партија која ќе биде своевиден коректор меѓу македонската и албанската партија во владата, бидејќи без оглед дали победува ВМРО-ДПМНЕ или СДСМ, постојано се коалицира со партија на македонските Албанци, а во такви услови, сведоци сме на крупни отстапки спрема Албанците од македонските партии во владата.

Меѓутоа, со скандалозниот грабеж на парите и гласовите на НДМ станува јасно дека оваа наша идеја дека се ќе биде подруго кога извршната власт покрај ВМРО-ДПМНЕ или СДСМ од една страна, и албанска партија од друга страна, ќе биде дополнета и со Народно движење за Македонија како партија која се бори за одбрана на државните и националните интереси, морала да биде сосечена во корен.

Сакам да порачам дека ова е краткорочен очајнички обид за понижување на НДМ бидејќи партијата во периодот што следи ќе излезе уште покомпактна и посилна.

Сосема за крај, поради скандалозниот грабеж на 772.824, денари и 14.700 гласови, НДМ не го признава изборниот резултат на партијата објаве од ДИК.

Ви благодарам,