Фактите за Срѓан Керим на виделина доколку претседателот Иванов даде аболиција!


17.10.2010 | 14:59:40 | Прес Конференции


Фактите за Срѓан Керим на виделина доколку претседателот Иванов даде аболиција!

Прес конференција, Народно движење за Македонија Јанко Бачев, претседател на НДМ Скопје, недела, 17 октомври 2010

Почитувани,

Повод за денешната прес конференција се безочните лаги на големиот блефер и фолирант Срѓан Керим, што ги презентираше неделава во засилените негови настапи на електронски и печатени медиуми.

Една од подмолните лаги со кои се обидува и понатаму да ја замајува јавноста, е дека е дипломат од кариера, професионалец, признат стручњак и бескомпромисен заложник за македонските интереси. 

Истовремено, во настапите во емисијата Х/0 на Канал 5, во Шпиц, Фокус и т.н. Керим неделава не бираше зборови и за мое оцрнување, користејќи зборови како хохштаплер, патолошки лажго и слично, во врска со кажаното за него на пресот на НДМ во мај 2007 година. 

Да потсетам, на таа прес конференција, НДМ истакна дека Владата на Груевски направи голем превид кандидирајќи го Срѓан Керим за Претседател на 62. генерално собрание на ОН, бидејќи фактите и доказите покажуваат дека Керим нема морален интергритет и кредибилитет, во неговата кандидатура лажно е претставен како врвен дипломат од кариера, неговиот политички беграунд е крајно контраверзен, тој досега не покажал ниту елементарна лојалност кон Република Македонија и дека е разузнавачки обработен. Притоа, со овој допис на НДМ, фактите и доказите за Керим беа доставени и до пратениците во Собранието на Република Македонија. Сега, од дистанца се покажаа како точни моите пишувања дека Законот за определување дополнителен услов или попознат како лустрациски зкаон, ќе биде големо ништо и голем трик за манипулација со граѓаните. Дури, по пресот на НДМ во мај 2007, кога најавивме дека Керим ќе биде на нишан на лустрацискиот закон, кој тогаш беше во работна верзија, експресно беше вметната одредба за казна затвор од 1 до 4 години за сите оние кои ќе кажат податоци за кодошите на тајната полиција.  Значи, со законската закана за затворска казна ни ги врза рацете да проговориме конкретно за Срѓан Керим. Затоа, единствена можност јавноста сега да ја види вистината за Керим, е во рацете на претседателот на државата Ѓорѓе Иванов.  Имено, денес повторно водејќи се од националните и државните интереси и од нашата искрена определба да ги тргнеме личностите кои со кодошење вршеле или сеуште вршат државни функции, го повикуваме претседателот Иванов, во смисла на членовите 1 и 3 од Законот за помилување, да вети помилување од кривично гонење, за да и овозможиме на јавноста најпосле да го добие одговорот на прашањето – За кое чисто досие зборуваше неделава по медиумите Срѓан Керим?  Според член 3 од Законот, Претседателот може да даде помилување за ослободување од кривичното гонење во секој стадиум на постапката.  Повторувам, претседателот на државата може да даде помилување и пред покренување на кривичната постапка. 

                                                                  

Почитувани присутни,  Не е никаков проблем за НДМ, како партија која се бори за одбрана на националите и државните интереси, да жртвуваме ако треба не 4, туку и 14 години затвор, но, само доколку се работи за Македонија.  Меѓутоа, еден шарлатан од типот на Керим, не заслужува таква жртва од нас, и затоа го бараме наведеното помилување од кривично гонење за да може јавноста да види, за кое чисто досие зборува Срѓан Керим. Затоа, господине Иванов, како претседател на државата, покажете на конкретен начин дека подржувате сеопфатна лустрација за секој што имал било каква општествено одговорна улога во државата.  За се останато поврзано со Срѓан Керим,  кога своевремено на Економскиот факултет во Белград е откриено дека докторатот му е плагијаторство, а не му го поништија докторатот само заради ургенцијата на тогашнит македонски комунистички кадри во Белград (Глигоров, Грличков и Беловски), за фактот дека не е врвен дипломат од кариера со преку 30-годишна дипломатска кариера како што се претставува, бидејќи, дури во 1994  Глигоров за прпат му дава таква шанса назначувајќи го за амбасадор во Германија, а претходно не бил дипломат од кариера по основ на знаење, туку по национален клуч во сојузните органи на поранешна СФРЈ, за неговиот сомнителен политички бекграунд и нелојалноста кон Македонија, бидејќи по осамостојувањето на Македонија не се враќа на повикот на првата македонска влада во 1991 година да помогне, туку преку “Генекс” (во СФРЈ фирма на сојузната УДБА за преземање разузнавачки задачи во странство) се вдомуваа во Париз, во фирмата “Копешим” на босанскиот србин Борис Вукобрат, доверлив човек на Милошевиќ кој во тоа време ја турка идејата на Милошевиќ и тајната полиција за обнова на Југославија по некаков кантонален принцип од 30 кантони, за неговата разузнавачка обработка, за неговите криминални афери во случајот со изградба на македонска амбасада во Германија и купување станови за персоналот во амбасадата и незаконски земениот кредит во германски банки во име на Република Македонија од десетина милиони тогашни германски марки, а, за среќа од патриоти во македонското МНР успеавме да го добиеме овој документ, во кој, во точка 1.9 и 1.10 прецизно се дадени криминалните транскации додека амбасадоруваше во Германија, целокупната одговорност е лоцирана на една адреса -  власта и нејзините надлежни органи.