НДМ бара Закон за право на бесплатни акции


04.04.2011 | 01:04:03 | Прес Конференции


НДМ бара Закон за право на бесплатни акции

Изјава, Народно движење за Македонија Јанко Бачев, Претседател на НДМ Скопје, 4 април 2011

Делегација на Народно движење за Македонија денеска ја поднесе до Собранието најавената Иницијатива на НДМ за донесување Закон за право на бесплатни акции во форма на нацрт-закон, со барање Собранието да донесе Заклучок со кој со кој ќе определи дека на собраниска седница после изборите ќе започне постапката за донесувањето на овој закон.

Притоа претседателот на НДМ, Јанко Бачев ја даде следната изјава.

„НДМ денес поднесе Иницијатива до Собранието за донесување на Закон за право на бесплатни акции од најмалку две причини:

Прво, познато е дека македонската приватизација беше неправедна, неморална и високо криминализирана, бидејќи се дозволи неколку одбрани личности да извршат економска диверзија спрема сопствениот народ присвојувајќи го целокупното општествено богатство.

Од 25 посткомунистички држави, таков приватизациски модел имаше само во Република Македонија и Азербеџан. Притоа, најголем број од граѓание, како што се, вработените во јавната и државната администрација, од општествениот сектор, земјоделците, невработените и многу други граѓани, беа ограбени со приватизацијата, бидејќи не добија акции, иако општествениот капитал што се приватизираше го создаваа сите работни луѓе во социјализмот. Второ, со денешната иницијатива НДМ сака да ја исправи големата историската неправда со неправедната македонска приватизација. Со донесувањето на овој закон се отвора можноста и граѓаните кои не добија акции во процесот на приватизација, да го остварат тоа право. Дотолку повеќе што, со донесувањето на Законот за право на бесплатни акции се обезбедува почитување на правото на граѓаните на еднаквост загарантирано со член 9 од Уставот на Република Македонија. Право на бесплатни акции ќе остваруваат лицата кои на денот на влегувањето во сила на законот наполниле 18 години и се државјани на Република Македонија и не оствариле право на акции во согласност со законите за приватизација во Република Македонија. Овие лица се стекнуваат со еднаков број на акции од претпријатијата со државен капитал што кое ќе бидат определени со Законот за право на бесплатни акции. НДМ предлага приватизирање на државниот капитал во неколку фази. Во првата фаза предлагаме да се разделат бесплатни акции од следните фирми: ЕЛЕМ и МЕПСО, државниот капитал во Телеком, Македонија Пат, Аеродромот Александар Велики и Јавното претпријатие за стопанисување со станбен и деловен простор. Понатаму, во секоја наредна фаза со измени и дополнувања на законот ќе следи распределба на акции и од останатите јавни претпријатија и оние во кои има државен капитал. Сметаме дека пратениците на заминување ќе направат исклучително работа во интерес на граѓаните доколку ја прифатат оваа иницијатива. Свесни сме дека се работи за системски закон кој бара поширока јавна расправа, во која заинтересираните страни ќе имаа можност да ги презентираат своите ставови. Затоа, бараме Собранието да донесе Заклучок со кој ќе определи дека на собраниска седница после изборите ќе започне постапката за донесувањето на овој закон. НДМ го прави долгоочекуваниот потег за исправање на неправдата со македонската приватизација. На потег е сега државата! Ви благодарам,