Седница на Централниот комитет на НДМ


13.02.2011 | 00:41:00 | Прес Конференции


Седница на Централниот комитет на НДМ

Изјава, Народно движење за Македонија Јанко Бачев, Претседател на НДМ Скопје, недела, 13 февруари 2011

НАРОДНО ДВИЖЕЊЕ ЗА МАКЕДОНИЈА на вчерашната целодневна седница на Централниот комитет на партијата ги анализираше актуелните иницијативи за предвремени парламентарни избори како и двете понуди до НДМ за воспоставување на коалициска соработка на следните парламентарни избори.

Беше разгледан и амандманот за дополнување на Уставот со кој НДМ ќе побара укинување на правото на плата за пратениците кои ја бојкотираат работата на Собранието. Истовремено беа разгледувани одредени административно-технички и финансиски прашања околу усогласувањето-пререгистрацијата на партијата.

Централниот комитет на партијата ги усвои следните заклучоци:

1. НДМ ќе побара распуштање на Собранието и распишување на предвремени парламентарни избори.

2. Централниот комитет му даде овластување на Извршниот комитет и на Претседателот на партијата, Јанко Бачев, да формулираат предлог-одлука за наредната седница на Централен комитет околу евентуалното (не)коалицирање на НДМ после сеопфатното разгледување на двете понуди до партијата за коалициска соработка.

3. Во контекст на актуелната расправа за измена на Уставот на Република Македонија, до Собранието на Република Македонија НДМ да поднесе амандман за дополнување на членот 64 од Уставот со кој ќе се определи укинување на правото на плата за пратениците кои ја бојкотираат работата на Собранието.

Овој амандман да се применува за пратениците од наредниот парламентарен состав. 

4. Во смисла на Законот за изменување и дополнување на законот за политичките партии, партијата ја започнува процедурата за усогласување-пререгистрација на партијата со доставување до надлежниот регистарски суд поединечно заврени изјави на нотар од 1000 основачи на партијата.