Предлог законот за попис не е антиалбански туке е антимакедонски


18.11.2010 | 00:18:15 | Прес Конференции


Предлог законот за попис не е антиалбански туке е антимакедонски

Прес конференција, Народно движење за Македонија
Јанко Бачев, претседател на НДМ
Скопје, четврток, 18 ноември 2010

Почитувани,

Со денешната прес конференција сакаме да упатиме драматична порака,  дека на повидок е фалсификување на претстојниот попис во април 2011 година, како што беше фалсификуван и последниот попис во 2002 година, кога Албанците во државата лажно беа прикажани дека се 25,17 отсто,  со цел, да се задоволи потребата на рамковниот договор, кој предвидува македонските Албанци да ги добијат правата само ако учествуваат со над 20 отсто од населението.

Истовремено, сакаме да ја разоткриеме и големата лага на албанските партии дека предлог законот за попис е на штета на Албанците, иако овој закон не е антиалбански, туку е целосно антимакедонски.

Сознанијата на НДМ, дека ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ веќе ги договориле пописните проценти за уште едно лажно прикажување на Албанците во државата се покажуваат како точни, имајќи го предвид Предлог - законот за попис кој веќе е влезен во собраниска процедура.

Имено, пописниот фалсификат треба да се изведе преку член 5 став 1 точка 3 и член 6 точка 6 и 7 од законот за попис. Според овие одредби, во вкупното население на Р. Македонија ќе бидат вклучени бегалци и азиланти, и, внимавајте сега добро, цитирам: и други лица кои во време на Пописот ќе се најдат на територијата на Македонија, а кои не ги поседуваат документите од член 42 од овој закон.

Со други зборови, во вкупното население во Република Македонија ќе бидат вклучени и сите лица кои за време на пописот од 1 до 15 април 2011 година, ќе се затекнат на територијата на Македонија, а ги немаат потребните документи – лична карта, патна исправа или извод на родени

Во Предлог-законот за попис се наведува дека е усогласен со правото на Европската Унија, па, се наметнува прашањето за Груевски - Дали може да посочи закон за попис на барем еден европска земја, кој дозволува во тамошното вкупно население да се брои секој кој се затекнал на нејзина територија за време на пописот?

НДМ направи споредбено согледување со законите за попис во неколку земји членки на ЕУ, и притоа никаде не видовме законска одредба која овозможува во тамошното вкупно население, да се брои секој што ќе се затекне на нивна територија за време на пописот без да поседува валиден идентификационен документ.

На пример, било кој од вас, ако случајно се затекне за време на пописот во Холандија, Германија, Данска или било која друга земја членка на ЕУ, во никој случај нема да ве бројат во тамошното вкупно население.

Значи, уште сега е јасно, дека тие таканаречени други лица без никакви документи, ќе бидат стотината илјади Албанци од дијаспората кои престојуваат повеќе од 12 месеци во странство, како и од Косово и од Албанија кои наменски ќе се затекнат во периодот од 1 до 15 април 2011, за лажно да го прикажат бројот на Албанците во државата.

Продолжува пребројувањето на исти лица по три пати: при пописот во Косово, во Албанија и во Македонија, за лажно да ја прикажат бројката на Албанците во регионот, бидејќи како што споменав, предлог законот за попис овозможува да биде попишан секој што ќе се затекне на територијата на Македонија, дури и без идентификационен документ.

Во краен случај нека ги попишат и стотината илјади наменски Албанци, односно, таканаречени други лица без идентификационен документ, но, во никој случај да не ги сметаат во вкупното население, туку овие лица да бидат одделено, посебно публикувани како статистички податок.

Затоа, и во услови на целосна концентрација на моќта кај премиерот Груевски, НДМ ги повикува пратениците од владеачкото мнозинство да покажат одговорност со тоа што, ќе му го одземат правото на премиерот Груевски да прифати фалсификување на пописот во април 2011 година, со тоа што во собраниската расправа ќе ги избришат посочените законски одредби за фалсификување на пописот.

Господине Груевски, НДМ ве предупредува дека немате мандат од македонскиот народ да договарате со ДУИ уште еден фалисификуван попис, најмалку заради следните причини:

Запознаени сте со кривичната пријава на НДМ од 24.09 2009, поднесена до Државното обвинителство за фалсификување на пописот во 2002 г.

Од приложените факти и докази кон кривичната пријава јасно се гледа дека албанското малцинство е околу 17 отсто од населението.

Во оваа прилика ќе споменам само еден момент од кривичната пријава.

Имено, споредбените податоци за периодот од претпоследниот попис од 1994 година, до последниот попис во 2002 година, значи за период од осум години, јасно го покажуваат фалсификуваниот попис од 2002 година. Така, од 86.615 лица колку што е зголемено населението во земјата за периодот 1994 - 2002, дури 67.979 се Албанци, а, внимавајте добро, само 2.000 Македонци, и 16.636 од другите малцински групи.

Овие податоци побудуваат серизоно сомнение, бидејќи произлегува дека во периодот 1994 - 2002, годишно се раѓале по 8.500 деца од албанска етничка припадност, а внимавајте повторно, само 250 од македонска, или сооднос, на едно родено македонско дете се раѓале дури 34 албански деца, што е надвор од здравиот разум и природните закони.

Значи, при очигледниот фалсификат на пописот во 2002 година, прашуваме, за кој процент од преку 30 отсто Албанци во државата зборува албанското малцинство во државата, кога фактите во однос на пописот во 2002 година претставуваат само уште една потврда дека овој попис е фалсификуван во корист на Албанците, кои според приложените докази кон кривичната пријава на НДМ, изнесуваат 17 отсто!?

Затоа, почитувани присутни,

НДМ нема да прифати уште еден фалсификуван попис во април 2011, тоа не им го прифаќа и македонскиот народ!

НДМ, исто како и македонскиот народ, секој обид за фалисификување на пописот ќе го смета за авантура и велепредавство спрема Републиката.

Историското значење на уште еден фалсификуван попис е поголемо од самиот факт за еден попис, затоа што Македонија со фалсификување на пописот во април 2011, дефинитивно ќе го изгуби темелот на државноста.

Ви благодарам,