На повидок уште еден фалсфикат на пописот во април 2011 година


26.09.2010 | 00:14:44 | Прес Конференции


На повидок уште еден фалсфикат на пописот во април 2011 година

Прес конференција, Народно движење за Македонија
Јанко Бачев, претседател на НДМ
Скопје, недела, 26 септември 2010

Почитувани,

Со денешната прес конференција сакаме да упатиме драматична порака,  дека на повидок е фалсификување на претстојниот попис во април 2011 година, како што беше фалсификуван и последниот попис во 2002 година, кога Албанците во државата лажно беа прикажани дека се 25,17 отсто,  со цел, да се задоволи потребата на рамковниот договор, кој предвидува македонските Албанци да ги добијат правата само ако учествуваат со над 20 отсто од населението.

На повидок уште еден фалсфикат на пописот во април 2011 година

Доколку дозволиме да ни се случи уште еден фалсификуван попис како и во 2002-та, во очите на меѓународната јавност ќе делувавме како незрела држава, која, состојбите ги решава со фалсификати, неспособна институционално да ги одбрани националните интереси и која не води сметка за достоинството на сопствениот народ.

Историското значење на уште еден фалсификуван попис е поголемо од самиот факт за еден попис, затоа што Македонија со евентуалното фалсификување на пописот во април 2011 година, дефинитивно ќе го изгуби темелот на својата државност.

Господине Груевски, НДМ ве предупредува дека немате мандат од македонскиот народ да договарате со ДУИ уште еден фалисификуван попис, најмалку заради следните две причини:

Прво, запознаени сте со кривичната пријава на НДМ од 24 септември 2009 година, поднесена до Државното обвинителство за фалсификување на пописот во 2002 година. Од приложените факти и докази кон оваа кривична пријава, јасно се гледа дека албанското малцинство во државата е околу 17 отсто од населението.  Во оваа прилика ќе споменам само еден момент од кривичната пријава.  Имено, споредбените податоци за периодот од претпоследниот попис од 1994 година, до последниот попис во 2002 година, значи за период од осум години, јасно го покажуваат фалсификуваниот попис од 2002 година. Така, од 86.615 лица колку што е зголемено населението во земјата за периодот 1994-2002, дури 67.979 се Албанци, а, внимавајте добро, само 2.000 Македонци, и 16.636 од другите малцински групи. Овие податоци побудуваат серизоно сомнение, бидејќи произлегува дека во периодот 1994-2002, годишно се раѓале по 8.500 деца од албанска етничка припадност, а внимавајте повторно, само 250 од македонска, или сооднос, на едно родено македонско дете се раѓале дури 34 албански деца, што е надвор од здравиот разум и природните закони. Значи, при очигледниот фалсификат на пописот во 2002 година, прашуваме, за кој процент од 34 отсто Албанци во државата зборува ДПА, или, за кои 30 отсто Албанци во државата брифираат деновиве од ДУИ, кога фактите во однос на пописот во 2002 година претставуваат само уште една потврда дека овој попис е фалсификуван во корист на Албанците, кои според приложените докази кон кривичната пријава на НДМ, изнесуваат 17 отсто!?

Второ, сега во пресрет на пописот во 2011-та, крајно опасен е податокот дека на повидок е нов фалсификат на пописните резултати.  Сознанијата на НДМ, дека ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ веќе ги договориле пописните проценти се покажуваат како точни, имајќи ги во предвид одредбите соджани во веќе доставениот Предлог - законот за попис во Собранието. Имено, сакаме да ја информираме јавноста дека пописниот фалсификат треба да се изведе преку членот 5 став 1 точка 3 и член 6 точка 6 и 7 од законот за попис. Согласно овие членови, во вкупното население на Р. Македонија ќе бидат вклучени бегалци и азиланти, и, внимавајте сега добро, цитирам: и други лица кои во време на Пописот ќе се најдат на територијата на Македонија, а кои не ги поседуваат документите од член 42 од овој закон. Со други зборови, во вкупното население во Република Македонија ќе бидат вклучени и сите лица кои за време на пописот од 1 до 15 април 2011 година, ќе се затекнат на територијата на Македонија, а ги немаат потребните документи – лична карта, патна исправа или извод на родени НДМ направи споредбено согледување со законите за попис во неколку земји членки на ЕУ, и притоа никаде не видовме законска одредба која овозможува во тамошното вкупно население, да се брои секој кој, ќе се затекне на нивна територија за време на пописот без да поседува валиден идентификационен документ.  На пример, било кој од вас, ако случајно се затекне за време на пописот во Холандија, Германија, Данска или било која друга земја членка на ЕУ, во никој случај нема да ве бројат во тамошното вкупно население.  Во Предлог-законот за попис се наведува дека е усогласен со правото на Европската Унија, па, се наметнува прашањето за Груевски - Дали може да посочи закон за попис на барем еден европска земја, кој дозволува во тамошното вкупно население да се брои секој кој се затекнал на нејзина територија за време на пописот? Значи, уште сега е јасно, дека тие таканаречени други лица без никакви документи, ќе бидат стотината илјади Албанци од дијаспората кои престојуваат повеќе од 12 месеци во странство, како и од Косово и Албанија кои треба лажно да го прикажат процентот на Албанците во државата. Пребројување на исти лица по три пати: при спроведување на пописот во Косово, во Албанија и Македонија, за лажно да ја прикажат нивната бројка во регионот, бидејќи како што споменав, предлог законот за попис, доколку биде усвоен во ова форма, овозможува секој кој ќе се затекне на територијата на Македонија да биде попишан, иако дури не поседува и валиден идентификационен документ. Во оваа насока, пропишаното во предлог - законот дека Државниот завод за статистика ќе ја потврува веродостојноста на попишаните податоци на посочените стотина илјади фантомски Албанци, е тешка измама и голема манипулација со граѓаните. За да се одвива беспрекорно фалсификатот, замислете, пописот ќе го организира и спроведува Државна пописна комисија составена од  партиски предлози, која само треба да го аминува фалсификаниот пописен резултат, во соработка со Државнит завод за статистика кој е сведен на своевидно помошно тело, иако во сите современи земји пописот го спроведуваат тамошните заводи за статистика.

Затоа, НДМ нема да прифати уште еден фалсификуван попис во април 2011, тоа не им го прифаќа и македонскиот народ!  НДМ, исто како и македонскиот народ, секој обид за фалисфикување на пописот ќе го смета за опасна авантура и тешко велепредавство спрема Република Македонија.  Дотолку повеќе, власта може и понатаму да ја замајува јавноста дека резултатите од пописот ќе се користат само за макроекономски планирања, за научни и други истражувања и за статистички цели, но, останува непријатната вистина дека пописот во Република Македонија е првенствено политичко прашање од највисок национален и државен интерес, бидејќи, во Републиката е воспоставен концепт на колективни права стекнати врз принципот на процент, кој се добива преку спроведен попис, а, не концепт на уживање на гарантирани индивидуални права на граѓанит како што е во сите цивилизирани земји. Затоа, и во услови на целосна концентрација на моќта кај премиерот Груевски, НДМ ги повикува пратениците од владеачкото мнозинство во Собранието да покажат одговорност со тоа што, ќе му го одземат правото на премиерот Груевски да прифати фалсификување на пописот во април 2011 година, со тоа што во собраниската расправа ќе ги избришат посочените законски одредби за фалсификување на пописот, или, во краен случај нека ги попишат и овие стотина илјади наменски фантомски Албанци, односно, таканаречени други лица без идентификационен документ, но, во никој случај да не се сметаат во вкупното население на Република Македонија, туку овие лица да бидат одделено, посебно публикувани како обичен статистички податок. 

Ви благодарам,