Го повикуваме Груевски веднаш да престане со рамковните вработувања на Албанците


22.08.2010 | 00:10:17 | Прес Конференции


Го повикуваме Груевски веднаш да престане со рамковните вработувања на Албанците

Прес конференција, Народно движење за Македонија Драган Живковиќ, член на Извршниот комитет на НДМ Скопје, недела, 22 август 2010

Почитувани,

Повод за денешната прес конференција е најновото врачување решенија  од вицепремерот Абдулаќим Адеми, пред два дена, за вработување припадници на албанското малцинство во јавната и државната администрација согласно таканаречената рамковна спогодба.

До крајот на годината се очекува бројот на новопримени административци-Албанци да биде околу 1000. Според нашите сознанија застапеноста на Албанците во јавната и државната администрација веќе надминува 20 отсто, и забрзано се приближува до линијата од 25 отсто.

По тој повод, премиерот Груевски во четвртокот истакна дека Рамковниот бил општо прифатено начело од сите и дека мора да се спроведува, за македонските Албанци да постигнат застапеност од 25 отсто во администрацијата. 

Вчудоневидени сме од леснотијата на вака изреченото од премиерот Груевски, а на штета на интересите на македонскиот народ и држава. Господине Груевски, ве повикуваме во името на македонскиот народ да се заложите привремено да престане востановената практика секој месец да се врачуваат решенија за вработување на Албанци според т.н рамковен договор, најмалку заради следните две причини: 1. Народно движење за Македонија на 24 септември 2009 година има поднесено кривична пријава до Државното обвинителство за фалсификување на последниот попис одржан од 1 до 15 ноември 2002 година. Фактите и доказите приложени кон оваа кривична пријава укажуваат дека албанското малцинство во државата е околу 17 отсто од населението, а не како што е лажно прикажано дека неговата бројност изнесува 25,17 отсто, со цел да се задоволи потребата на рамковниот договор од 13 август 2001, кој предвидува македонските Албанци да ги добијат правата само ако учествуваат со над 20 отсто од населението.  Ова е таа кривична пријава за фалсификување на пописот. 2. Кривичната пријава е веќе процесуирана, и затоа НДМ веднаш бара привремен прекин на месечните вработувања на административци – Албанци, се до исходот од кривичната пријава, или, најкасно до обелоденување на резултатите од најновиот попис на населението што треба да се спроведе во април 2011 година.  Почитувани, не сакаме да бидеме погрешно разбрани дека сакаме да загрозиме нечие право на вработување, бидејќи ние и понатаму ќе живееме заедно со Албанците и другите малцински групи во оваа држава. Со нашиот предлог сакаме само да спречиме несакани последици што можат да настанат доколку се реализира вработувањето на 25 отсто Албанци-администратици, а дополнително со окончувањето на кривичната постапка се потврдат наводите дека бројноста на македонските Албанци е околу 17 отсто, или, пак, истото се потврди од пописните резултати што ќе произлезат од пописот во април 2011 година.  Во такви услови, македонскиот народ сигурно ќе побара спроведување на обратен процес односно, намалување на бројката од 25 отсто на 17 отсто административци – Албанци, или со други зборови кажани нивно бркање од работа.  Затоа, за доброто на меѓусетничките односи го повикуваме премиерот Груевски лично да се заложи привремено да престанат т.н. рамковни вработувања, и на тој начин да спречи да настапат немерливи штетни последици за Република Македонија.  А, дека пописот е фалсификуван во оваа приика ќе наведам само еден битен момент од кривичната пријава на НДМ. Имено, споредбените податоци од претпоследниот попис од 1994 година до последниот попис во 2002 година, односно за период од осум години покажувааат крајно нелогични резултати.  Имено, од 86.615 лица колку што е зголемено населението во земјата за периодот 1994-2002 година, дури 67.979 се Албанци, а само 2.000 Македонци и 16.636 од другите малцински групи. Овие податоци побудуваат серизоно сомнение, бидејќи произлегува дека во периодот 1994-2002, годишно се раѓале 8.500 деца од албанска етничка припадност, а само 250 од македонска, или во сооднос, на едно родено македонско дете се раѓале дури 34 албански деца што е надвор од здравиот разум и природните закони. Го повикуваме собранискити спикер после летните одмори да ги стави на дневен ред предлог заклучоците на НДМ од 12 ноември 2009 година, со кои бараме привремен мораториум на рамковните вработувања во контекст на нашата кривична пријава. Ова се заклучоците на НДМ до Собранието од 12 ноември 2009 година. Ви благодарам,